Промотивни настапи на Јана Бурческа во Израел, Амстердам и Лондон

Претставничка на Република Македонија на Евровизискиот фестивал што ќе се одржи во Украина Јана Бурческа, изминатиов период ја претстави евровизиската песна во неколку европски земји. Големите евровизиски фанови од повеќе европски земји веќе го пеат рефренот од „Dance Alone“. Што се однесува до медиумската промоција, Бурчевска даде околу стотина интервјуа во кои го претстави тимот кој музички стои зад оваа песна. Македонската евровизиска делегација заминува за Киев на 1 мај.

Погледнете ги промотивните настапи на Јана во Амстердам, Израел и Лондон