Путин и Ердоган се сретнаа во Хамбург

Рускиот претседател Владимир Путин разговараше денеска со турскиот колега Реџеп Тајип Ердоган, нагласувајќи дека во решавањето на кризата во Сирија и во борбата против тероризмот во земјата има сериозен напредок, а тоа се е благодарение на напорите на турската Влада.

На средбата, која се одржа за време на самитот на Г-20 во Хамбург, Путин истакна дека во последно време е направено многу за развојот на меѓусебните односи и за решавање на повеќе проблеми кои се во интерес за двете земји.

Ердоган нагласи дека заедничките напори на Москва и Анкара се добар пример за народите од регионот и за земјите од цел свет. Тој му се заблагодари во името на турскиот народ за улогата која Русија ја одигра во Сирија.

Advertisement