Рама бара поддршка од ЕУ за борба против организираниот криминал

Еди Рама, во писмо упатено до 28-те земји членки на ЕУ го наведува постигнатиот напредок и преземените мерки во борбата против организираниот криминал. Албанија не е повеќе европски главен град на канабисот,како што некои медуми скааат да ја прикажат. Индустријата за канабис е мртва. Ние се стремиме целосно тоа да го елминираме,еднаш засекогаш и тоа до крајот на годинава, пишува Рама во писмото.

Албанија во пролет идната година очекува одлука на ЕУ дали го прифатила или не барањето за започнување преговори,затоа премиерот Рама,искажува надеж за поддршка од земјите на ЕУ за да неговата земја оди напред кон европското семејство.

Во исто време бара од земјите од Европската унија да помогнат во сузбивањето на криминалните банди кои профитираат од продажба на дрога, проституција, трговија со луѓе и други незаконски активности. Во писмото Рама уште пишува дека лидерите на бандите треба да бидат уапсени, осудени и да се конфискуваат нивните средства што се собираат преку криминална активност.

Сакаме ваша помош, за да ги фатиме овие луѓе и да ги изведеме пред лицето на правдата, посочува Рама. Борбата против организираниот криминал и особено трговијата со дрога е клучен предизвик за Албанија.

Advertisement