Премиерот на Албанија Еди Рама присуствуваше на Меѓународната конференција за зајакнување на интеграцијата на Западен Балкан во Софија, во рамки на којашто изјави дека Европската унија фаворизира земји како Србија и Црна Гора, но не и Албанија и Македонија, и покрај нивната голема посветеност кон процесот на евроатланска интеграција.
„Ние целосно го поддржуваме фактот дека Србија и Црна Гора веќе преговараат, но ние цврсто веруваме дека е време и Албанија и Македонија да започнат преговори. Искрено, тоа е противречно, по начинот на којшто јас гледам. Од една страна имаме сериозна посветеност кон процесот на интеграција, а од друга, крајно време е европската страна да има јасна позиција за нашата иднина. Истовремено недостатокот на почеток на преговорите е разочарувачки “, рече Рама.