Расте притисокот врз Катар

 

Саудиска Арабија,Египет, Бахраин и Обединетите Арапски Емирати ја проширија листата за која тврдат дека се состои од  организации кои соработуваат со терористички со уште 9 институции и лица. Како што соопшти египетската новинска агенција МЕНА во заедничкото соопштение кое го објавија четирите држави се истакнува следното : Во рамките на борбата за целосно уништување на терористичките организации на списокот се додадени уште 9 институции и личности кои  непосредно или посредно контактираат со Катар.

На чело на списокот се наоѓа Револуционерниот совет на Бенгази во Либија за кој што се тврди дека соработува со Јемен, потоа либиската кабловска телевизија Небе, неколку јеменски хуманитарни организации и неколку верски личности со катарско,кувајтско ,јеменско и либиско државјанство ,меѓу кои и кувајтскиот верски поглавар Хамид бин Абдулах ел Али. Во истото соопштение се додава дека Катар презеде одредени чекори кои беа барани,но дека тоа сепак не е доволно за укинување на санкциите.

Како што е познато овие 4 арапски држави на 9 јуни воведоа санкции над Катар и ги прекинаа дипломатските односи со оваа арапска држава. Освен тоа четирите арапски држави 50 личности и 12 хуманитарни организации кои ги поддржуваат катарските власти ги обвинија за тероризам и ги ставија на листата на терористички организации и терористи.