Се запали гумен чамец полн со имигранти (ВИДЕО)

Гумен чамец полн со мигранти одеднаш се запалил во Средоземно Море. Португалски хеликоптер што бил во близина за да и помогне на Европската агенција за заштита на границите и брегот, Фронтекс, ја снимил драмата на чамецот. Во чамецот имало 34 мигранти, кои морската струја ги носела по Средоземно Море. Во еден момент, чамецот пламнал, а за да се спасат од огнот, мигрантите скокнале во морето. Членовите на португалските воздухопловни сили им фрлиле чамец за спасување и ја повикале напомош шпанската крајбрежна стража. Причината поради која букнал гумениот чамец сe уште е непозната.

 

Advertisement