Турција инсиситра на екстрадицијата на Ѓулен

 

Турска владина делегација предводена од министерот за правда Бекир Боздаг и вчера продолжи со средбите и контактите со своите американски посветени на барањето на Турција за апсење и израчување на челникот на терористичкара организација ФЕТО Фетулах Ѓулен.

Вчера делегацијата водеше 6 часовни разговори со претставници на американскиот државен секретаријат за правда. На состанокот учествуваа Фарис Карак заменик директор во одсекот за меѓународна соработка на Министерството за правда на Турција како и тројца јавни обвинители од Републичкото јавно обвинителство Анкара задолжени за истрагите во врска со ФЕТО.

Инаку министерот за правда Бекир Боздаг во понеделникот се состана со државниот секретар за правда на САД Џеф Сешнс. Во разговорот беше повторено барањето на Турција за апсење и екстрадирање на челникот на терористичката организација ФЕТО Фетулах Ѓулен.

Advertisement