Вардар го совлада Копенхаген во првиот меч од Лигата на шампионите

Македонскиот првак Вардар забележа минимална победа од 1:0 против Копенхаген во првата средба од третото квалификациско коло за Лигата на шампионите. Единствениот гол на натпреварот го постигна Балотели во 65.минута. Дуелот се одигра на арената „Филип Втори“ во Скопје и го следеа 10.000 гледачи.
„Црвени-црните“, според најавите на тренерот Седлоски, започнаа агресивно, веднаш притиснаа кон голот на Олсен, иако гостите преку Грегуж го имаа првиот удар, но Гачевски успеа да одбрани. Реванш натпреварот во Данска ќе се игра на 2 август во терминот од 20 часот.