Вардар ја оствари петтата победа над Мешков 30-23

Вардар ја оствари петтата победа сезонава во групната фаза од Лигата на шампионите со триумфот над Мешков 30-23 (14-14). Македонскиот првак покажа одличн аигра во второто полувреме дозволувајќи му на противникот да постигне само девет гола, а притоа „црвено-црните” да постигнат 16. Токму одбраната но и Калифа Гедбан беа причината што вардарци во вториот 30 минути направија целосен пресврт.

На прес-конференцијата по натпреварот и гостинскиот тренер Маноло Каденас призна дека токму одбраната на Вардар и алжирскиот голман беа клучни.

„ Одигравме тешка средба против силен состав и затоа можеме да бидеме задоволни од сработеното. Мешков е цврст и квалитетен тим. Ние одигравме добро и во првото и во второто полувреме во напад, но разликата беше во играта во одбраната. Во вторите 30 минути ја зацврстивме играта и направивме предност која ни помогна да дојдеме до високата”, изјави Роберто Парондо.

На оваа средба на позицијата десно крило позабележителен беше Иван Чупиќ со шест гола, но и Данил Шишкарев одигра стандардно. Тимскиот дух е секогаш најважен и осварувањето на таа заедничка цел.

„После репрезентативните активности имавме само четири заеднички тренинзи. Лошо влеговме во средбата, но откако добивме помош од голманите успеавме да се вратиме во потребниот ритам и дојдовме до победа. Денеска совладавме квалитетен тим. Мешков има добри ракометари на сите позиции и секоја година е сè посилни. Секогаш е тешко да се игра против нив и дома и на гостување, изјави Шишкарев.

Тимот на Мешков само пред неколку денови се радуваше на висок триумф над Вардар во СЕХА лигата. Тогаш Вардар настапи со младински состав од Вардар јуниор. Ова беше дербито на најдобрите тимови. А тука Белорусите немаа што да бараат.

„Денеска и двете екипи прикажавме добра игра во првото полувреме. Сепак, сето она што го прикажавме во второто полувреме беше различни. Пешиќ имаше неколку добри одбрани во првото полувреме, но во втрориот дел не бевме на нивото. Гедбан одбрани добро, а не успеавме да се снајдеме и со одличната одбрана на Вардар, изјави Маноло Каденас, тренерот на Мешков.