ВМРО-ДПМНЕ: Груевски е претседател на ВМРО-ДПМНЕ и останува да биде

Никола Груевски е Претседател на ВМРО-ДПМНЕ и останува на оваа функција согласно доверениот мандат. Понатамошни и  идни чекори на партијата ќе бидат превземени по направените анализи на резултатите на последните избори. Тие чекори ќе бидат во насока на интересите на партијата ВМРО-ДПМНЕ, нејзините членови, доброто на граѓаните и интересот на Македонија.

Најголемото зло во оваа држава останува да биде хунтата на власт која ја носи државата во економската бездна и сиромаштија. Се друго преставува дефокусирање од вистинските теми во државата како што е погазувањето на државните интереси во секој поглед, повисоките даноци, криминалот, стагнацијата на сите проекти – стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.