Воените генерали на Македонија и Албанија средба во Елбасан

Недовербата и натпреварот измегу македонските и албанските генерали и полковници, оставени се на минатото: “Ние ве чувствуваме како да сте со нас во НАТО”, му кажа викендов Колонел Тома Кондури, претседател на Сојузот на поранешни албанските старешини и ветерани од војската и полицијата, на својот македонски колега – генерал Филип Котели, претседател на Сојузот на здруженијата не ветераните од одбраната и безбедноста на Република Македониja.

Македонскиот генерал Туши, го заводи орото на мирот и разбирањето, додека претседателите на ограноците за Елбасан – генерал Томор Аслани и неговиот колега за регионот на Охрид, Струга и Дебар-полковник Добре Вељаноски, потпишаа Меморандум за соработка.

Истиве овие луге, некогаш, кога службувале во некогашната југословенска, односно албанска-енверова војска, се гледале преку нишан. Сега се грлат, бакнуваат, играаат заедничко оро, сакаат да бидат патоказ по кој Македонија и Албанија треба да соработуваат во сите сфери од животот.

За да докажат колку се добронамерни, поранешните високи албнански воени раководители, нималку случајно, одбраа Меморандумот да се потпише во истиот ден и на истиот простор каде славеа годишнина припадниците на некогашната Тринаесетта тенковска бригада, со задача и распореде токму по граничната линија кон Македонија.

Нивниот некогашен командант,  генералот Перикли Чуни, сакаше да ги поздрави македонските генерали и полковници, кои беа пречекани на Ѓафасан, на македонско-албанската граница лично од секретарот на албанските старешини и ветерани од војската и полицијата, Енвер Аслани, и повторно дружени од него, во истото возило,  и испратени назад на истото место на границата .Се разбира, разделбата бешесо искрени пријателски прегратки и со – довидување, ве чекаме пак.

Албанските генерали, им рекоа на своите македонски колчеги дека ги чекаат во НАТО, додавајќи дека тие веќе ги чувствуваат за равни на себе и како веќе да се во НАТО.

Генерал Котели: Ги поздравувам колегите од центарот и срцето на пријателска Албанија

Македонскиот генерал во пензија, охриѓанецот по потекло Филип Котели, им ги освои срцата на албанските колеги, кога им кажа дека ги поздравува од центарот и срцето на пријателска Албанија, од градот со 2.000 годиншна историја Елбасан.

Ви ги пренесувам најискрените поздрави на околу илјада поранешни воени старешини, организирани во централно раководство во Скопје и во уште 13 општински и регионални здруженија. Со вас, поранешни албански воени старешини и раководители, соработуваме на централно ниво, но и со ваши регионални асоцијации во Поградец, Пешкопеја и други места. Од денеска официјално и со здружението за Елбасан, односно од наша страна она, кое ги покрива градовите Охрид, Струга и Дебар, најблиски до Албанија-потенцираше генерал Котели.

Чинот на потпишувањето траеше кратко, бидејќи генералот Перикли Чуни инсистираше на тоа.Неговите нестрпливо чекаа во големата сала, за да ги поздрават во “став мирно” и со овации своите македонски колеги.Но, затоа другарувањето, песната и орото траеја долго. Онаму каде што македонските старешини не можеа да го фатата тактот на албснаската песна, следеше – македонска, како подарок од вештиот техничар на разгласот.

Генерал Кондури: Ќе се помагаме и директно дома, но и на мегународна сцена

Ќе се помагаме и ќе се поддржуваме во решавање на проблемите на нашите две  држави, но  и на меѓународната сцена.Ќе работиме на унапредувањето на нашиот статус, зашто не сите власти гледале добронамерно и благонаклоно кон нас. Соработката ќе биде искрена и колегијалноста меѓу двете организации и пред се, аполитична меѓу двете страни, како и почитување на членството без оглед на етничките и верските основи. Овој меморандум има голема важност не само за областите Елбасан и Охрид со околните градови, туку и за двете пријателски земји – рече првиот човек на албанската асоцијација на ветераните од одбраната и бебедноста Колонел Кондури.

Нема што да додададам, вели претседателот на асоцијацијата за Елбасан, генерал Томор Аслани, кој со неговиот колега за регионот на Охрид, Струга и Дебар, полковник Добре Вељаноски, го потпишаа Меморандум за соработка. И двајцата нагласија дека тие и досега соработувале, ова било само официјализирање на неколкугодишното среќавање. Полковник Добре Вељаноски на својот колега му го врачи Плакета и други реквизити со симболот на здружението на македонските ветерани.

Елбасан-град со 2. илјади годишна историја

Албанските доќини, горди на историјата на градот Елбесан, инсистираа, во отсуство на повеќе време, да им го покажат барем градскиот музеј, на своите македонски колеги. Тие се горди на фактот дека тоа бил најзанаетчискиот албански град, во кој, велат некогаш имало 200 златари, чили изработки патувале на изложба дури до Чикаго. Без да се налутиме, забележуваат дека имале повеќе дуќанџии и занаетчии од Скопје. После златарството, бил развиен ковачкиот занает, но и обработката на кожа. Сето тоа е илустрирано во експонатите во Музејот, стара куќа подигната во 18 век, посветена на Јусуф Незири, композитор и изведувач на изворни албански песни, кој напишал илјадници такви, затоа пак, на последното испраќање – по него чекореле 30.000 жители на Елбасан.

Елбасан (Elbasani) е град на реката Шкумбини во средна Албанија, чие старо име било Шкумб, најверојатно според името на реката, покрај која минувала Виа Игнација. во кој, според податоците од 2011 година, живеат околу 79.810 жители. Елбасан е еден од најголемите градови во Албанија и е административен центар на истоменатаоблас којашто опфаќа 4 околии од толку градови: Елбасан, Грамши, Либражд и Пеќин. Во Елбасан  живее бројна Македонска заедница претежно Македонци од областа Голо Брдо. Словенскиот назив за градот е Коњух. Во текот на историјата, Елбасан бил под контрола на различни народи, Турци, Срби, Австрици, Италијаци. Во центарот на градот постои православна црква, а околу 7 километри надвор од градот постои стар манастир и православна црква каде што моштите на Јован Владимир, се чувани од 1381 до 1995 година, а потоа се префрлени во Православната соборната црква во Тирана./Веле Митаноски

 

 

Advertisement