Земјотрес со јачина од пет степени го стресе Охрид почувствуван и низ Македонија

Земјотрес со јачина од пет степени според Рихтеровата скала попладнево околу 13.18 часот го стресе охридскиот регион, а беше почувствуван и низ Македонија. Ова се неофицијални информации кои не се потврдени од Сеизмолошката опсерваторија во Скопје.

Епицентарот на земјотресот е на пет километри од Косел во близина на Охрид. Во охридско во последните две недели беа почувствувани над 800 земјотреси.