Foto:Federata Shqiptare e Hendbollit Албанската и Шпанската ракометна федерација потпишаа договор за соработка со кој ќе работат заеднички на повеќе сегменти – од теренот, преку едукацијата на кадри, до судењето и организацијата. Договорот беше потпишан во Тирана, во седиштето на Олимпискиот комитет на Албанија, од претседателот на Албанската ракометна федерација, Лаерт Ќендро и првиот човек на шпанската федерација Франциско Беласкез ...
Read More »Author Archives: Весник Илинден
Одлуката на Трамп да ги укине санкциите против Русија предизвика незадоволство кај членовите на Конгресот
Ненадејната одлука на американскиот претседател Доналд Трамп да ги укине санкциите врз Русија само неколку дена пред да стапат во сила предизвика силно незадоволство кај членовите на Конгресот. Законодавното тело со големо мнозинство го усвои законот со кој се воведуваат мерките, како израз на двопартискиот консензус меѓу американските политичари за поддршка на Украина во нејзината војна со Русија. Конгресмени од ...
Read More »Повредени 16 полицајци во протестите во Тирана
Во синоќешните протести во Тирана, кои се одржаа шести ден, повредени се 16 полицајци, а нападнати беа и седиштето на владејачката Социјалистичка партија и зградата на Министерството за внатрешни работи, пренесе „Албаниан пост“. Маскирани демонстранти фрлале камења, молотови коктели и пиротехника кон полицајците, а се запалиле Полициската станица број 3 и главниот влез на Министерството за внатрешни работи. Нападнато било ...
Read More »Андоновски од Сеул: Пристапот до вештачката интелигенција ќе го дефинира напредокот на поединецот и општеството
Фото: Министерот за дигитална трансформација Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, ја предводи македонската делегација на Глобалниот Самит за вештачка интелигенција во Сеул, Република Кореја. Андоновски се обрати на Министерскиот состанок во рамки на Глобалниот самит и повика владите да обезбедат основно ниво на бесплатен пристап до корисни алатки за вештачка интелигенција, почнувајќи од образованието, развојот на вештини и пристапот ...
Read More »40 години од „Пронајден облик“: Објавена „Поетски облици на времето“ од Раде Силјан
Јубилеј што го истакнува придонесот на Силјан во вреднувањето, афирмацијата и зачувувањето на македонското книжевно наследство По повод четириесет години од објавувањето на „Пронајден облик“ (1986), првата авторска книга на Раде Силјан со критики и есеи, објавена е неговата нова книга „Поетски облици на времето“, во издание на „Матица македонска“. Јубилејот го насочува вниманието кон значаен придонес во македонската книжевност ...
Read More »Шести ден протести во Албанија: Улично насилство, судири со полицијата (ВИДЕО)
Протестите против албанскиот премиер Еди Рама влегоа во шестиот ден, а ситуацијата во Тирана и натаму е напната, со нови судири меѓу демонстрантите и полицијата. И покрај зголемениот притисок на улиците, Рама категорично ги отфрла барањата за оставка и порачува дека нема намера да се повлече од функцијата. Стотици демонстранти денеска повторно се собраа пред Министерството за образование во Тирана, ...
Read More »Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа во Брвеница (ВИДЕО)
ВМРО-ДПМНЕ оствари убедлива победа во првиот круг од локалните избори во Брвеница, изјави вечерва премиерот и лидер на партијата, Христијан Мицкоски, оценувајќи дека резултатот претставува потврда за поддршката на граѓаните за политиките на партијата и Владата. Мицкоски оцени дека резултатот претставува важна политичка порака и потврда за поддршката на политиките на ВМРО-ДПМНЕ и Владата. Иако само пред неколку дена раководството ...
Read More »Во протестите во Тирана 272 повредени, а 12 луѓе се задржани во болница
Вкупниот број повредени за време на протестите во албанската престолнина Тирана во изминатите пет дена достигна 272 лица, додека 12 демонстранти се задржани во болница на понатамошно лекување, соопшти денеска албанското Министерство за здравство. Само за време на вчерашниот протест биле повредени вкупно 65 лица. Според најновите податоци на Министерството, меѓу повредените има 37 припадници на полицијата, 24 демонстранти и ...
Read More »Рама: Протестите во Албанија се водени од странство
Албанскиот премиер Еди Рама, реагираше по протестот на студентите во Тирана, тврдејќи дека во нивната организација се вмешани надворешни фактори. Според Рама, протестот се оддалечил од првичната цел и повеќе не ги претставува реалните грижи на студентите. Тој се обрати јавно со еден од запалените објекти во центарот на Тирана во заднина и обвини дека зад случувањата не стојат студентите ...
Read More »Демонстрантите во Тирана се судрија со полицијата оштетени јавни објекти
Тензиите ескалираа во близина на парламентот, каде што полицијата употреби водени топови за да ги растера демонстрантите, откако тие продолжија да фрлаат камења кон полициските службеници. Во Тирана и синоќа се одржаа протести, при што демонстрантите фрлаа камења кон полицијата, оштетуваа јавна инфраструктура и палеа клупи и канти за отпадоци низ главниот град, пренесува агенцијата АТА. Протестите траеја повеќе од ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden