Author Archives: Весник Илинден

Николоски: Градиме истоверемено шест автопати, на Македонија и се случува силен инфраструктурен развој

Македонија се наоѓа во период на интензивен инфраструктурен развој, со изградба на шест автопатски делници истовремено, инвестиции што треба значително да ја подобрат патната поврзаност во земјава и да дадат нов импулс на економијата. Станува збор за обемен градежен потфат со кој ретко која земја во регионот, па и пошироко, може да се пофали, истакна заменик-претседателот на Владата и министер ...

Read More »

Тензија на протестот во Тирана: 23 приведени, повредени 6 полицајци и една новинарка

Фото: АТШ Шест полициски службеници и една новинарка се повредени за време на денешниот протест во близина на Министерството за образование во Тирана, додека 23 лица се приведени, соопшти албанската полиција. Според полициските информации, дел од демонстрантите ја оштетиле оградата, влезната порта и фасадата на институцијата, фрлајќи молотови коктели, камења, петарди и тврди предмети кон полицајците. Повредените се надвор од ...

Read More »

Студентите повторно пред Министерството за образование, нови тензии со полицијата (ВИДЕО)

Фото: Top Channel Демонстрантите повторно се вратија во близина на Министерството за образование, каде што повторно дојде до тензии со полицијата. Полицијата употреби водени топови и солзавец за да ги растера демонстрантите. Ситуацијата повторно ескалираше, а тензиите меѓу демонстрантите и полициските сили продолжија. Засега, во доставениот извештај нема дополнителни информации за евентуално повредени лица или приведувања.

Read More »

Албанија воведува фиксни, намалени цени за 212 производи

Албанија воведува фиксни, намалени цени за 212 производи до 12 јануари 2027 година, како дел од мерките за намалување на трошоците на домаќинствата. Иницијативата се спроведува во соработка со големите трговски синџири и добавувачите, а за одделни производи намалувањата достигнуваат до 40 проценти. Паралелно, албанската влада ја претстави дигиталната платформа „Pasqyra e Çmimeve“ („Огледало на цените“), преку која граѓаните можат ...

Read More »

Тензично пред Министерството за образование во Тирана: Физички судири меѓу полицијата и демонстрантите (ВИДЕО)

Фото: Top Channel  Тензична е ситуацијата пред Министерството за образование во Тирана, каде што денеска се одржува протест на студенти и млади од Албанија. Протестот беше најавен за 14 часот, со повик до студентите од сите градови во земјата и до граѓаните да се приклучат на собирот и да го изразат незадоволството од проблемите што, според организаторите, сè уште остануваат ...

Read More »

Објавен Вториот повик за предлог-проекти во рамките на ИПА III Програмата за прекугранична соработка Македонија – Албанија 2021–2027

Европската комисија го објави вториот повик за доставување предлог-проекти во рамките на ИПА III-програмата за прекугранична соработка Македонија – Албанија 2021 – 2027, со наслов „Програма за прекугранична соработка Македонија – Албанија во рамките на Инструментот за претпристапна помош (ИПА III), алокации за 2024 година“ – соопшти Министерството за локална самоуправа. Повикот има цел да ги поттикне организациите од двете ...

Read More »

Албанија затвори уште едно поглавје во преговорите за членство во Европската Унија

Албанија забележа нов напредок на патот кон членство во Европската Унија со затворањето на Поглавјето 20, во рамки на Десеттата меѓувладина конференција меѓу Албанија и ЕУ, што се одржува денеска во Луксембург. Ова поглавје се однесува на претпријатијата и индустриската политика и претставува дел од процесот на усогласување на албанското законодавство и политики со европските стандарди. Со овој чекор, Албанија ...

Read More »

Македонското друштво “Илинден“-Тирана ја поддржува иницијативата за впишување на Преспанскиот Регион на Листата на светското наследство на УНЕСКО

Македонското друштво “Илинден“-Тирана ја поздравува и ја поддржува иницијативата на Албанија, Македонија и Грција за впишување на Преспанскиот Регион на Листата на светското наследство на Организацијата на Обединетите нации за образование, наука и култура (УНЕСКО). Македонското друштво “Илинден“-Тирана ја поздравува Изјавата за заедничка подготовка на номинацијата на Преспанскиот Регион за Листата на светското наследство на УНЕСКО, потпишана од Бленди Гонџја, ...

Read More »

„ТОНИ“ од Румена Бужаровска: Метафора за нашата меѓубалканска реалност

Фото: Facebook/Rumena Bužarovska Кога добив можност (или, поточно, среќа) да бидам замолен – и потоа да прифатам – да ја преведам „Тони“ од Румена Бужаровска на албански јазик, во мислите одеднаш ми навираа мноштво идеи и чувства. Како прво, веќе бев запознаен со Румена преку разни извори, иако сè уште не го имав читано нејзиното дело; нејзината репутација – целосно ...

Read More »