Author Archives: Весник Илинден

Навивачите на Пирин во Пиринска Македонија го молат ФФМ клубот да им игра во македонска лига

Во знак на револт од „репресијата“ од бугарските фудбалски власти, навивачите на Пирин од Благоевград побараа нивниот клуб да игра во македонска лига! „Орлите“ испаднаа од елитната конкуренција во Бугарија по спорниот гол што ги чинеше пораз од 2:1 на домашен терен против Витоша од Бистрица во понеделникот. Помошникот на судијата сигнализираше дека Григор Долапчиев од Витоша е во офсајд, но ...

Read More »

Македонците во Албанија во село Горно Крчиште го прославија празникот Спасовден

Македонците во Албанија во село Горно Крчиште го прославија празникот Спасовден, се одржа 10-та традиционална средба на Македонците во село Горно Крчишта. Во близина на Дебар се наоѓа граничниот премин Блато, а од другата страна на границата е Албанија. Најголемото населено место по патот е Макеларе, а на неколку километри од него, во пазувите на планината Крчин се наоѓа селото ...

Read More »

Албанија: Oпозицијата се подготвува за протестот

Опозицијата во Албанија официјално ги започна подготовките за протестот на 26 мај. Бараат поддршка не само од своите приврзаници, туку и од сите противници на власта предводена од премиерот Рама. На протестот кој ќе се одржи во сабота, демократите ги повикуваат граѓаните да им се придружат во битката за подобар живот, за вистинска правда и за европска Албанија, без криминал ...

Read More »

Честитка од Македонско друштво “Илинден” –Тирана по повод „Св. Кирил и Методиј“

Претседателот на Македонско друштво “Илинден”-Тирана Никола Ѓурѓај од свое и од име на Македонско друштво “Илинден”-Тирана Ви го честита 24 Мај, Денот на македонските и сесловенските просветители и учители, светите браќа Кирил и Методиј. Со ова празнување им оддаваме почит на светите браќа од Солун Кирил и Методиј како основоположници на словенската писменост и литература основачи на првата словенска азбука – ...

Read More »

Министерот за надворешни работи на Македонија Никола Димитров на четирипартитната средба на Министри за надворешни работи во Солун

Министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Димитров, на покана на својот грчки колега, МНР Никос Коѕијас,  на 3 и 4 мај 2018 година, во Солун, учествуваше на третата по ред четирипартитна средба на Министрите за надворешни работи на Република Македонија, Грција, Република Албанија и Република Бугарија. На средбата, покрај Министрите за надворешни работи учествуваа и министри и високи ...

Read More »

Промовирана книгата „Дебар и Дебарско низ историјата“

Книгата „Дебар и Дебарско низ историјата“ од авторот Ѓорѓи Илиевски, вчера беше промовирана во просториите на Филозофскиот факултет во Скопје, Македонија. Делото претставува своевиден историски потсетник на случувањата во Дебар и Дебарско, пренесени преку едно лично видување на авторот, чии корени се токму од овој крај.  Човек кога има мотив, може и знае да направи труд што остава белег за своето ...

Read More »

Државниот секретар на МНР на Македонија, Виктор Димовски учествуваше на Петтата министерска конференција во рамките на Рабат процесот во Мароко

  Државниот секретар во Министерството за надворешни работи Виктор Димовски на 1 и 2 мај 2018 година учествуваше на Петтата министерска коференција за Евро-африканскиот дијалог за миграции и развој, во Маракеш, Кралството Мароко.  Конференцијата, која се одржува во рамките на таканаречениот „Рабат процес“, е дел од напорите меѓународната заедница за градење кохерентна стратегија за суштествено и ефикасно менаџирање на мигрантските текови, како и ...

Read More »

Гоце Делчев 115 години од смртта на македонскиот револуционер

  Гоце Делчев е роден на 4 февруари 1872 во Кукуш, Егејска Македонија идеолог, организатор и водач на македонското револуционерно национално ослободително движење во крајот на XIX и почетокот на XX век. Бил рожба на својата епоха, кој го изразувал стремежот на македонскиот народ за ослободување од отоманското ропство. Загина во предвечерието на Илинденското востание на 4 мај 1903 година ...

Read More »

Галичка свадба меѓу деветте најдобри фестивали во Европа според „Њујорк Тајмс“

Магазинот „Њујорк тајмс“ одреди 9 европски фестивали кои им ги препорачува на секој турист. Меѓу нив е и нашата Галичка свадба. Според секој стандард, Галичник, Македонија, е мало место, пишува репортерот на Њујорк тајмс, и продолжува: Само двајца жители живеат во ова планинско село, скриено во масивот Бистра, околу шест милји источно од албанската граница. За време на годишниот свадбен ...

Read More »

Поранешниот министер за внатрешни работи на Албанија, Саимир Тахири го врати пратеничкиот мандат

Поранешниот министер за внатрешни работи на Албанија, Саимир Тахири го врати пратеничкиот мандат. Тој последните месеци беше мета на сериозни напади поради сомневања за вклученост во трговија со дрога. Тахири, кој доаѓа од владејачката Социјалистичка партија на Еди Рама, рече дека пред органите на правдата ќе биде обичен граѓанин и нема да се крие зад функцијата. „Трпев шест месеци, но ...

Read More »