Author Archives: Весник Илинден

Македонија: Бојан Маричиќ избран за претседател на ДИК

Со двотретинско мнозинство, Собранието денеска го избра новиот состав на Државна изборна комисија. Од вкупно 92 присутни пратеници, 83 гласаа „за“ поранешниот министер за правда, кој беше и вицепремиер за евроинтеграции, Бојан Маричиќ да стане нов претседател на ДИК. За потпретседател на Комисијата е избран Абдуш Демири, додека за членови на ДИК се избрани Александар Даштевски, Светлана Карапетрова, Борис Кондарко, ...

Read More »

Николоски во Загреб на средба со вицепремиерот Бутковиќ. Побара силна подршка од Хрватска во решавање на проблемот со транспортерите

Фото: Министерство за транспорт Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски утрово во Загреб одржа работна средба со потпретседателот на Владата на Хрватска и министер за поморски работи, транспорт и инфраструктура, Олег Бутковиќ. На средбата на која се потврдија одличните билатерални односи меѓу двете земји, двајцата вицепремиери во фокус на разговорот го истакнаа проблемот со транспортерите и ...

Read More »

Новинарка Даниела Зиси: Преспа, кралицата на езерото што исчезнува од туристичката мапа

Статистиката покажува дека за време на владата на Еди Рама, регионот Корча имал корист од над 550 милиони евра инвестиции, но нивната распределба меѓу општините е направена на преференцијален, селективен и дискриминаторски начин, не земајќи ги предвид ниту потребите на локалните заедници ниту економскиот и развојниот потенцијал на областите. Општината што добила трошки инвестиции, повеќе како милост, или можеби дури ...

Read More »

Ако го изгубиме Пустец, ќе изгубиме дел од нашата душа

Бурна реакција меѓу Македонците во Албанија по усвојувањето на националниот план за отворање прифатни кампови за мигранти во Пустец. Доколку Македонците исчезнат или бидат сведени само на симболично присуство, тоа ќе биде загуба не само за Албанија туку и за целиот регион, вклучувајќи ја и Македонија, бидејќи ќе се изгубат еден мост меѓу културите и една жива врска со минатото. ...

Read More »

Албанија официјално поздравена како член-основач на меѓународната организација за мир

Одборот за мир официјално го објави прифаќањето на Албанија како член-основач на новоформираната меѓународна организација за мир и стабилност на глобално ниво. Овој, како што се оценува, историски чекор е резултат на долгогодишната посветеност на Албанија кон заштитата и унапредувањето на демократските вредности, човековите права и територијалниот интегритет. Според Одборот за мир, членството на Албанија претставува значаен придонес кон зајакнување ...

Read More »

Министерката за внатрешни работи на Албанија, Албана Кочиу, утре во официјална посета на Македонија

Министерката за внатрешни работи на Република Албанија, Албана Кочиу утре ќе престојува во официјална посета на Република Македонија, при што ќе оствари средба со министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, соопштија од Министерство за внатрешни работи. На средбата се очекува да се разговара за унапредување на билатералната соработка меѓу двете земји. По завршувањето на средбата е предвидена заедничка изјава за ...

Read More »

Меѓународен ден на сеќавање на Холокаустот

Секоја година на 27 јануари, УНЕСКО му оддава почит на споменот на жртвите на Холокаустот и ја потврдува својата непоколеблива посветеност да се спротивстави на антисемитизмот, расизмот и другите форми на нетолеранција што може да доведе до насилство. Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш деновиве го осуди повторното заживување на антисемитизмот и ги повика луѓето ширум светот одлучно да се ...

Read More »

Мисајловски: Годинава пристигнуваат сите 42 борбени возила „Страјкер“ за Армијата

Министерот за одбрана на Македонија, Владо Мисајловски при образложувањето на Информацијата истакна дека се работи за технички амандман. Потенцира дека веќе 17 возила се на пристаништето во Грција и треба технички аранжман за да се помине по барање на САД како амандман за инсталација на целата опрема што стига. Собраниската Комисија за одбрана и безбедност денеска ја разгледа Информација за ...

Read More »

Македонија нова туристичка ѕвезда во 2026 година (ВИДЕО)

Македонија, позната по своите древни пејзажи, кристално чисти езера и богато културно наследство, влегува во 2026 година со силно забрзување на растот на туризмот. Сè поголемиот број странски туристи води кон зголемување на туристичките посети и меѓународниот интерес, што ја прави Македонија една од најинтригантните и најбрзо растечките туристички дестинации во Европа. Официјалните извештаи и државната статистика потврдуваат дека не ...

Read More »

Македонското друштво “Илинден“-Тирана нема да замолчиме пред бугарските манипулации

Македонското друштво “Илинден“-Тирана ги отфрла како неосновани и тенденциозни обвинувањата изнесени во пропагандна емисија „Студио Actualno Балкани“ и настапот на Ервис Талури, претставник на т.н. Друштво за бугарско-албанско пријателство, структура која одамна нема ништо заедничко со пријателство, а со манипулација, асимилација и криминал. Станува збор за класична медиумска манипулација со цел замолчување на македонските активисти во Република Албанија. Во пропагандна ...

Read More »