Свет

Украина и Русија денеска во Истанбул на втора рунда преговори за прекин на огнот

Почетокот на средбата е закажан за 12 часот (10:00 часот по Гринич) во палатата Чираган во Истанбул, соопшти турското Министерство за надворешни работи. Москва ја предложи оваа рунда разговори. Кон средината на мај, завојуваните страни се состанаа на директни разговори за прв пат од 2022 година. Резултатот од таа средба беше размена на затвореници. Украинската позиција за оваа рунда разговори ...

Read More »

Украинските сили извршија голем напад: „Уништивме повеќе од 40 руски воени авиони“

Украина започна напад со беспилотни летала од „големи размери“ против руски воени бомбардери во Сибир, погодувајќи повеќе од 40 воени авиони во бази илјадници километри од нејзината територија, изјави претставник на безбедноста. Тврдењата не можеа да бидат независно проверени. Но, ако бидат потврдени, ова ќе биде најштетниот напад со беспилотни летала на Украина во војната досега, во услови на ескалација ...

Read More »

Египет го затвора најстариот христијански манастир во светот – Синајскиот манастир Света Катерина

Премиерот на Грција, Киријакос Мицотакис и претседателот на Египет Абдел Фатах Ел-Сиси денеска телефонски разговараа за случувањата поврзани со манастирот Света Катерина Синај, а  в понеделник грчка делегација ќе отпатува за Египет, јави дописничката на МИА од Атина. Како што брифираа од кабинетот на грчкиот премиер, Мицотакис ја истакнал важноста да се зачувува грчко-православниот карактер на манастирот и како место ...

Read More »

Брисел одобри план од 150 милијарди евра за зајакнување на одбранбените капацитети на ЕУ

На 27 мај, Европската Унија формално ја одобри својата програма од 150 милијарди евра за зголемување на трошоците за одбрана во блокот. Таканаречената регулатива SAFE (Безбедносна акција за Европа) првпат беше предложена во март од страна на Европската комисија како одговор на повиците на земјите-членки за финансиска и политичка поддршка за исполнување на новите одбранбени цели промовирани од НАТО и ...

Read More »

21 мај – Светски ден на културната разновидност за дијалог и развој

Во 2001 година, УНЕСКО ја усвои Универзалната декларација за културен диверзитет и во декември 2002 година, Генералното собрание на ОН, во својата резолуција 57/249, го прогласи 21 мај да биде Светски ден на културниот диверзитет, за дијалог и развој. Светскиот ден на културната разновидност за дијалог и развој се одржува секоја година на 21 мај, со што се одбележува не ...

Read More »

Германија ги засили контролите на граничните премини

Германија воведе зголемени контроли на граничните премини пред летната сезона, што значително влијае на меѓународниот патнички превоз со автобус. Целта на оваа одлука е да се спречи нелегалната миграција и трговијата со луѓе. Според податоците на германското Министерство за внатрешни работи, само во првите седум дена од засилените контроли, Федералната полиција одбила 739 лица на границата. Автобусите, заедно со помалите ...

Read More »

Путин по разговорот со Трамп: Подготвени сме за работа на меморандум со Украина, вклучувајќи и примирје

„Русија е подготвена да работи на меморандум со Украина, вклучително и прекин на огнот“, изјави рускиот претседател Владимир Путин во својата прва реакција по двочасовниот телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп, јави Хина. Телефонскиот разговор меѓу Путин и Трамп заврши пред малку. Рускиот претседател разговорот го опиша како „информативен, искрен и многу корисен“, пренесуваат руските агенции. Путин наводно му ...

Read More »

Пропадна и 18-тиот обид за конституирање на косовското Собрание

Косовските пратеници денеска не изгласаа формирање на Изборна комисија за тајното гласање за претседател и потпретседатели на косовскиот Парламент. Пратениците од поранешните опозициски партии не предложија членови за Изборната комисија, а не гласаа ниту за составот на Комисијата, што доведе до прекин на седницата. Косовското Собрание не е конституирано ниту по 18-тиот обид, по парламентарните избори одржани на 9 февруари. ...

Read More »

Сирија им даде 10 дена рок на малите вооружени групи да се приклучат кон Министерството за одбрана

Сирискиот министер за одбрана Мурхаф Абу Касра ги повика малите вооружени групи кои сè уште не се приклучиле кон безбедносниот апарат да го сторат тоа во рок од 10 дена или ќе се соочат со последици. Британските медиуми објавуваат дека министерот не прецизирал какви мерки ќе бидат преземени, а во соопштението објавено доцна синоќа се наведува дека „воените единици“ сега ...

Read More »

Папата Лав XIV ја започна својата понтификална служба со свечена миса во Ватикан

Папата Лав XIV во својот денешен говор на инаугуративната миса на плоштадот „Свети Петар“ во Ватикан вети дека ќе работи на единството, за Римокатоличката црква да стане симбол на мирот во светот. Американските медиуми пренесуваат дека во својата проповед пред десетиците илјади верници, светски и црковни претставници, папата Лав рече дека сака Римокатоличката црква да биде обединета. Повикот на папата ...

Read More »