Нови санкции од САД врз Русија, Иран и Северна Кореја

Американскиот Претставнички дом го усвои предлогот за спроведување нови санкции врз Русија, Иран и Северна Кореја. Предлогот под наслов „Борба против непријателите на Америка преку санкции“ беше усвоен со гласовите на 419 конгресмени, додека 3 гласаа против. Според предлогот, врз Русија ќе се спроведат нови санкции поради чекорите што ги фрли во врска со Украина, додека Иран и Северна Кореја ќе бидат изложени на санкции поради програмите со нуклеарни и балистички ракети.

Предлог-законот со кој се предвидува ограничување на односите на претседателот Доналд Трамп со Русија привлече големо внимание од аспект на одобрението со кое треба да го добие претседателот од Конгресот пред да ги олесни или укине санкциите врз Русија. Претседателот на Претставничкиот дом Пол Рајан, содржината на предлог законот ја оцени со зборовите: Тоа е еден од најсеопфатните предлог-закони во историјата. Претседателот на комитетот за надворешни односи Ед Ројс рече дека наведените три земји предизвикуваат закана за националните интереси на САД, поради што со новите санкции на Пјонгјанг, Америка сака да упати силна порака поради зачестените тестови на ракетите.

Пред да се легализира и достави до претседателот Трамп на потпишување, предлог-законот треба да се усвои и од страна на Сенатот. Трамп има право да го потпише и стави вето на предлог-законот. Белата куќа соопшти дека одлуката на Трамп сеуште не е конечна. Претходно Трамп во пораките имаше најавено дека ќе ги олесни санкциите врз Русија.