Шефовите на дипломатиите од Западен Балкан денеска во Сараево

 

Стратегијата за проширување на ЕУ во Западен Балкан е главната тема на денешниот состанок во Сараево на шефовите на дипломатиите на земјите од Западен Балкан – Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово и Србија. На состанокот ќе се разговара и за подготовките на претстојниот самит за Западен Балкан во рамките на Берлинскиот процес што на 9 и 10 јули ќе се одржи во Лондон. Ова е втор ваков министерски состанок во рок од еден месец. Претходниот беше во Софија. На денешниот состанок ќе учествува и шефицата на бугарската дипломатија, како и генералниот директор на ЕК за соседска политика Кристијан Даниелсон.

Advertisement