Првиот редовен, директен, лет од Доха до Скопје денеска слета на скопскиот аеродром „Александар Велики“. Новата рута до главниот град на Република Македонија ќе биде опслужувана четири дена неделно со воздухоплов „Ербас А320“, што има 12 седишта во бизнис и 132 во економската класа. Патниците од Доха беа пречекани со воден мост и традиционална македонска закуска. Генералниот директор на „ТАВ ...
Read More »Tag Archives: Македонија
Прв медал за македонскиот хемиски олимписки тим
Македонскиот хемиски олимписки тим се закити со бронзен медал на 49-та Интернационална хемиска олимпијада 2017 која се одржа во Натхон Патхом, Тајланд. Ова е најдобар резултат досега, а бронзениот медал го освои Филип Трајковски, ученик во скопската гимназија „Раде Јовчевски- Корчагин“. Во тимот се и учениците Антонио Андоновски, исто така од Корчагин и Магдалена Златанова од „Јахја Кемал“, Струмица и ...
Read More »Кошаркарската репрезентација на Македонија ја совлада Бугарија
Кошаркарската репрезентација на Македонија ја совлада Бугарија во контролен натпревар со 80:70 (15:11, 23:25, 19:18, 23:14), кој вечерва се одигра во арената „Борис Трајковски“ во Скопје. Македонските кошаркари кои се подготвуваа за настап во претквалификациите за пласман на Светското првенство во 2019, ја забележаа првата победа во контролите натпревари. Против Бугарија, играта на избраниците на селекторот Давитков осцилираше во мекои ...
Read More »Началникот на Генералштабот на АРМ во официјална посета на војската на Црна Гора
Началникот на Генералштабот на Армијата на Република Македонија, генерал-потполковник Методија Величковски во рамка на активностите на тридневниот престој во Црна Гора во текот на денешниот ден оствари средби на највисоко воено ниво во Министерството за одбрана и Генералштабот на војската на Црна Гора. По приемот со високи воени почести, генералот Величковски имаше средба со началникот на генералштабот на војската на ...
Read More »Балкански народни песни и игри во Охрид
Во организација на Националната установа Центар за култура „Григор Прличев”-Охрид, Република Македонија утревечер, со почеток 20:30 часот на сцената на Долни Сарај свечено ќе биде отворено 56-то издание на Балканскиот фестивал на народни песни и игри 2017. ПРОГРАМА 2017 6 ЈУЛИ (Четврток) Свечено отворање на 56-то Балканскиот фестивал на народни песни и игри 2017 7 ЈУЛИ (Петок) -Ансамбл од Поградец, ...
Read More »Железничката мрежа во балканските држави слаба да конкурира на патниот сообраќај и транспорт
Општ е впечатокот дека инфраструктурата на транспортот во балканските простори е недоволно развиена и застарена. Оваа констатација која е резултат на обемно истражување не се однесува само на физичката инфраструктура на транспортот во балканските држави туку и на политиките кои што ги спроведуваат надлежните институции на балканските држави спрема транспортот како сектор. Токму заради оваа причина се чувствува силна потреба ...
Read More »АРМ на меѓународната вежба „Сајбер гардијан 2017“
Вежбата која е во организација на Командата на Армијата на САД за Европа, ќе се изведува на територијата на Унгарија, Романија и Бугарија.Припадници на Армијата на Република Македонија од 11-ти до 20-ти јули ќе учествуваат на големата меѓународна вежба „Сајбер гардијан 2017“. Вежбата која е во организација на Командата на Армијата на САД за Европа, ќе се изведува на територијата ...
Read More »Одбојкарската репрезентација на Македонија втори во Европската лига
Одбојкарската репрезентација на Македонија уште еднаш го освои сребрениот медал во Европската лига. На завршниот турнир во Данска, Македонија во финалето загуби од Украина со 1-3. Три години по ред македонските одбојкари играат во финалето на завршниот турнир во Европската лига, но за жал и во третиот обид не успеаја да стигнат до најсјајниот медал. Откако во 2015 година беа ...
Read More »Земјотрес со јачина од пет степени го стресе Охрид почувствуван и низ Македонија
Земјотрес со јачина од пет степени според Рихтеровата скала попладнево околу 13.18 часот го стресе охридскиот регион, а беше почувствуван и низ Македонија. Ова се неофицијални информации кои не се потврдени од Сеизмолошката опсерваторија во Скопје. Епицентарот на земјотресот е на пет километри од Косел во близина на Охрид. Во охридско во последните две недели беа почувствувани над 800 земјотреси.
Read More »Мерцедесот на Тито се чува во гаража во МТВ
Автомобилите на Мерцедес отсекогаш со себе носеле почит, статус и луксуз, барем до почетокот на 90-тите години од минатиот век и појавата на „народните“ модели со сребрената ѕвезда. Сепак, и тука имаше јасно разграничување – на мерцедеси за „рајата“ со пари (кај нас гастарбајтерите што се враќаа од Западот), и оние од највисоката класа, моделите во ограничени серии и ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden