Tag Archives: Македонија

Амбасадорот на Македонија ги презентираше акредитивите во Малта

  Амбасадорот Шамбевски ќе ја покрива Малта, како прв нерезидентен Амбасадор, преку Амбасадата на Република Македонија во Рим. Во разговорот, по церемонијалниот дел, Претседателката Прека и Амбасадорот Шамбевски изразија задоволство од неодамнешното воспоставување дипломатски односи меѓу двете земји. Разменија мислења за правците во кои се планира да се развива билатералната соработка, преку заокружување на договорната состојба меѓу двете земји, интерес ...

Read More »

Светскиот Македонски Конгрес му додели на Принцезата Херта највисокото семакедонско признание почесната титула “Македонски сенатор“

Во Македонија престојуваа Нејзиното Царско и Кралско Височество Херта Маргарете фон Хабзбург Лотринген, Надвојвотка на Австрија и Принцеза од Тоскана, со нејзиниот сопруг Неговото Царско и Кралско Височество Шандор Хабзбург Лотринген и нивните соработници Вивиен Росе од Австрија, Роланд Бејер од Германија. Принцезата Херта и Принцот Шандор се основачи на меѓународната фондација “Пламен на мирот“ со седиште во Виена, со ...

Read More »

Германските компании Македонија атрактивна за бизнес

Најголем број германски компании би инвестирале во земјава, но сегашната економската состојба ја оценуваат како лоша. Велат дека политичката криза мора брзо да се реши за да се подобри економската слика. Македонија е атрактивна локација за германските инвестиции, велат повторно би вложувале ако се реши политичката криза, што силно силно влијае на економијата. Дури 51 насто од анкетираните фирми оценуваат, ...

Read More »

Министер за надворешни работи на Македонија упати сочувство до неговиот Египетски колега по повод нападите врз црквите

  Заменик-претседателот на Владата на Република Македонија и Министер за надворешни работи, Никола Попоски, упати писмо со сочувство до неговиот Египетски колега, Самех Шукри, по повод нападите врз црквите, во градовите Танта и во Александрија во Египет. „Искрено сочувство до семејствата на жртвите и до граѓаните на Египет. На повредените им пожелувам брзо закрепнување. Република Македонија најостро го осудува чинот ...

Read More »

Дејан Георгиевски на Европското првенство во таеквондо се закити со бронзениот трофеј

  Тој настапи во категоријата до 87 килограми и по победите над Емре Атлеси од Турција и Гркот, Панајотис Танеинос се пласираше во полуфиналето каде загуби од рускиот репрезентативец, Вадим Мелников. Георгиевски уште во првиот меч се здоби со фрактура на левата нога и доколку немаше проблеми со сериозната повреда тој ќе се вклучеше и во трката за златото.

Read More »

Македонија го совлада Исланд со 3-0

Тениската репрезентација на Македонија со максимални 3:0 го победи Исланд во рамките на мечот од 2.коло од Третата Европска зона од Дејвис купот. За комплетен триумф над Исланд се погрижија Горазд Србљак и Шендрит Деари кои со 2-0 во сетови (6:4 и 6:2 во гемови) ги победија Владимир Ристиќ и Егил Сигурдсон. Претходно двете победи за Македонија во сингл мечевите ...

Read More »

Металург победи со Пелистер

  Во второто коло од плејофот на македонското првенство, Металург гостуваше во Битола кај Пелистер. Ова гостување е традиционално тешко за Металург, кој редовно победува во Битола, но секогаш после голема и неизвесна борба. Во преполната и реновирана сала “Младост“ видовме еден страшно мотивиран Пелистер, кој, воден од своите навивачи, одигра натпревар над своите реални можности и кој во најголем ...

Read More »

Македонија ја подобри позицијата на ранг листата на ФИФА

  Македонската фудбалска репрезентација ја подобри својата позиција за цели 33 позиции сега Македонија е на 133 – то место и е меѓу земјите со најголем скок на ранг – листата. Албанија и Косово по поразите во квалификациите за СП Русија 2018, видно паднаа од нивните претходни позиции. Црвено – црните по поразот од Италија и од Босна на пријателскиот ...

Read More »

Лина Ѓорческа ќе игра за првата титула во оваа година во Италија

Лина Ѓорческа во Санта Маргарита Ди Пула, Италија ќе може да дојде до својата прва титула во оваа календарска година. Имено Лина и нејзината партнерка Бернарда Пера (САД) се изборија за финале во дубл, откако денеска со пресврт дојдоа до триумф над домапните тенисерки Камила Росатели и Аличе Матеучи (четврти носителки). Италијанките првиот сет го добија со 6-4, вториот пак ...

Read More »

Раул Гонзалез нов селектор на Сениорската машка репрезентација на Македонија

  Шпанскиот тренер Раул Гонзалез денеска беше официјално претставен пред медиумите како нов селектор на Сениорската машка репрезентација на Македонија. Тренерот на РК Вардар, на прес-конференцијата што се одржа во просториите на РФМ, ги соопшти првите планови и очекувања за наредниот период во кој фокусот ќе биде ставен на натпреварите од Квалификациите за ЕП 2018 против селекцијата на Исланд. „Горд сум ...

Read More »