Присутните изразија загриженост за идниот просперитет на земјата кој е под влијание на, како што велат, штетните политики кои ги води актуелната власт. Референдумот го оквалификуваа како геноциден проект врз целиот македонски народ. Цврсто убедени дека преку оваа соработка нивната мисија за да се подигне националната свест ќе биде успешна и дека ќе го одбранат името и суверенитетот на земјата. Ова е голем ден за Македонија бидејќи се случува едно семакедонско обединување – истакна лидерот на „Единствена Македонија“ Јанко Бачев кој го предводеше денешниот собир. Додаде дека дека граѓаните на Македонија се наоѓаат пред најголемиот предизвик да го одбранат името на државата.

„Сакаат да го уништат вечното македонско име и идентитетот, јазикот и културата, со еден збор – сакаат да не избришат од светската мапа на нации. Затоа сме собрание денеска тука, тоа нема да им го дозволиме.“ Најавија дека ќе одат од врата на врата за да ги убедат луѓето да не гласаат за промена на уставното име. „Одамна го заговараме ова обединување и тоа има свои политички противници. Тие се плашат од ова затоа што знаат дека со ова обединување силата и волјата на македонскиот народ застануваат на едно место, Македониум, Христијанско братсво, Тврдокорни, Македонски триплерски сојуз, Движење македонска преродба се само дел од организациите кои го поддржуваат бојкотот на референдумот.