Author Archives: Весник Илинден

Мицкоски: Македонскиот јазик e жив сведок на вековната историја и најсилен израз на нашата културна и национална посебност

Премиерот Христијан Мицкоски упати честитка по повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик во која порачува дека македонскиот јазик е темелот врз кој се издигнува нашата духовна и национална самобитност. -Македонскиот јазик не е само средство за комуникација, туку жив сведок на вековната историја, чувар на колективната меморија и најсилен израз на нашата културна и национална посебност. Во неговите ...

Read More »

Лашкоска во Тирана: Регионалната соработка клучна за претворање на климатските политики во конкретни решенија

Во фокусот на дискусијата беше прашањето како регионот може да ги преточи обврските за адаптација во конкретни и одржливи решенија, преку засилена регионална соработка и координиран пристап. Заменик министерката за животна средина и просторно планирање, Ане Лашкоска, учествуваше на панелот на високо ниво „Обединети за климата – Акција за адаптација и регионална соработка“, кој се одржува во Тирана, во организација ...

Read More »

Албанија: Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент го одобри извештајот за 2025 година

Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент го одобри извештајот за Албанија за 2025 година! Шидер: Реформите треба да се одразат во животот на граѓаните Извештајот што го изготви известувачот за Албанија во ЕП, Андреас Шидер, доби 58 гласа, нагласувајќи ја потребата од подлабоки и одржливи реформи. Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент го одобри овој вторник извештајот за ...

Read More »

Честитка од Македонското друштво “Илинден”-Тирана по повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик

Македонско друштво “Илинден”-Тирана по повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик упатува искрена честитка до сите Македонци. Негувањето на мајчиниот македонски јазик значи јакнење и зачувување на националниот и културен идентитет, со што нашите деца ќе бидат воспитани соодветно да ги негуваат своите национални, културни и верски традиции, образованието на мајчин македонски јазик е најважниот сегмент во негувањето на основните ...

Read More »

5 мај – Ден на покојниците во Албанија

Ден на покојници на нацијата кои ги дадоа своите животи за слобода, демократија, човекови права и достоинство. Денот на  покојниците потекнува од 5 мај 1942 година, кога бил убиен Ќемал Стафа, кој преку своите активности станал симбол на Антифашистичката Национално ослободителна војна. Во чест на споменот на паднатите за слободата на земјата, секоја година највисоките раководители на албанската држава оддаваат ...

Read More »

Ѓорѓиев: Гоце Делчев е синоним на епохата на македонската борба за македонска држава и нација

Ванчо Ѓорѓиев, професор на филозофскиот факултет при УКИМ, беше дел од трибината на темата „Наследството на Гоце Делчев низ политичката призма за Македонија“, која се одржа денес, по повод одбележување на 123 години од загинувањето на македонскиот великан, Гоце Делчев. „Гоце Делчев е синоним на едно време, на една епоха, на македонска борба, за македонска држава, за македонска нација“, вели ...

Read More »

Винскиот фестивал Битола: Три вечери вино, музика и градска атмосфера пред Офицерски дом

Битола добива нова мајска фестивалска приказна, во која виното, музиката и градското дружење ќе се спојат на едно од најпрепознатливите места во градот, платото пред Офицерски дом. Од 7 до 9 мај ќе се одржи првото издание на Вински фестивал Битола, кое денеска беше најавено на прес-конференција во ЈОУ Културен и информативен центар Битола – Офицерски дом. Организаторите најавија дека фестивалот е замислен како нов градски ...

Read More »

Мицкоски по повод 123 години од смртта на Гоце Делчев: Тој бил пред времето и оставил неизбришлива трага во македонската историја и идентитет

Денеска од името на владата одадовме вечен помин на жртвата, на великанот, македонскиот јунак Гоце делчев и на тој начин сакаме да покажеме како Влада, ќе сториме се за де неговите идеали, неговата борба за самостојна Македонија, за македонскиот народ, ни и за сите граѓани кои што живеат во Македонија остане вечна, изјави денеска премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски ...

Read More »

Гоце Делчев е ликот и делото на македонштината

Одбележувањето на неговата смрт не е само историска комеморација туку и манифестација на вековната упорност на Македонците да бидат свои на своето, да ја чуваат сопствената историја и да им ја пренесат како жива меморија на идните генерации. Тој чин е сведоштво дека македонската државност не е случајност, туку плод на жртви и визии, на непокор и достоинство. Тоа е ...

Read More »

Трамп: САД ќе им помогнат на бродовите заглавени од блокадата на Ормуз

Соединетите Американски Држави денеска ќе почнат иницијатива за помош на пловилата заглавени поради блокадата на Ормуската Теснина, изјави американскиот претседател Доналд Трамп, додавајќи дека земјите од целиот свет побарале помош. Соединетите Американски Држави денеска ќе почнат иницијатива за помош на пловилата заглавени поради блокадата на Ормуската Теснина, изјави американскиот претседател Доналд Трамп, додавајќи дека земјите од целиот свет побарале помош. ...

Read More »