Снимателот на косовскиот портал „Папараци“, Јетмир Муји, беше уапсен во Приштина и кратко потоа ослободен, потврди Здружението на новинари на Косово (AGK). Според нив, Муји снимал репортажа за образованието на ќерките на косовската претседателка Вјоса Османи кога нејзиното обезбедување го запрело, му ја одзело камерата и го замолило да ја избрише снимката. Според соопштението на AGK, порталот „Папараци“ ги информирал ...
Read More »Свет
Полска објави дека соборила руски дронови кои навлегле во нејзиниот воздушен простор (ВИДЕО)
Полската војска рано утринава објави дека соборила беспилотни летала што го нарушиле нејзиниот воздушен простор за време на рускиот напад врз соседна Украина. „Распоредено е оружје, а службите активно работат на лоцирање на соборените објекти“, објави Полската оперативна команда. Оттаму додадоа дека е во тек воена операција и ги повикаа жителите да останат во своите домови. Полска е членка на ...
Read More »Израел изврши воздушен напад врз раководството на Хамас во Катар
Израел изврши воздушен напад врз лидери на Хамас во Катар, проширувајќи ги своите воени операции и на Заливот, каде палестинското движење со години ја има својата политичка база, објави Ројтерс. Катар, кој заедно со Египет посредува во преговорите за прекин на огнот во речиси двегодишната војна во Газа, го осуди нападот како „кукавички“ и го оцени како флагрантно кршење на ...
Read More »Трамп издаде указ за промена на името на Пентагон во Министерство за војна
Претседателот на САД, Доналд Трамп, стави потпис на извршна директива со која се врши преименување на Министерството за одбрана во Министерство за војна, чекор кој го најавуваше подолго време. „Тоа е многу поприкладнo име, посебно имајќи предвид во каква ситуација е светот во моментов. Одлучивме да се „разбудиме“ и да го смениме името на Министерството за одбрана. Значи, се префрламе ...
Read More »Кошта: Проширувањето на ЕУ е најважната геополитичка инвестиција во нејзината безбедност
Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, во вторник во Загреб изјави дека проширувањето на Европската Унија е најважната геополитичка инвестиција во безбедноста на Унијата, особено кога станува збор за Украина, Молдавија и земјите од Западен Балкан. „Проширувањето за Украина, Молдавија и земјите од Западен Балкан е многу тежок процес, но мора да се фокусираме, да поставиме приоритети и да работиме ...
Read More »Убиен водачот на Муџахединските бригади во Газа
Израелските одбранбени сили (ИДФ) и Шин Бет го убија водачот на милитантната група Муџахедински бригади во Појасот Газа, за време на операции во тој регион минатата недела, соопшти денеска ИДФ. Во соопштението се наведува дека Мусбах Салим Мусбах Дајах, кој бил убиен во Нусеират, бил вмешан во регрутирање членови на Западниот Брег и во терористички напади на таа територија и ...
Read More »Сто и педесет медиуми од 50 земји започнаа кампања за осуда на бројот на убиени новинари во Газа
На покана од Репортери без граници и Авааз, околу 150 медиуми од околу 50 земји денеска учествуваат во кампањата за осуда на бројот на убиени новинари во Појасот Газа. „Со оглед на темпото со кое израелската армија убива новинари во Газа, наскоро нема да има никој да ви известува“, е пораката на насловните страници со црна позадина на францускиот ...
Read More »Рускиот претседател Владимир Путин пристигна во Кина
Рускиот претседател Владимир Путин пристигна во северниот кинески пристанишен град Тјанџин, објавија кинеските и руските државни медиуми, на регионален безбедносен самит за кој Кина се надева дека ќе се спротивстави на западното влијание во глобалните прашања. На почетокот од четиридневната посета на соседот и најголем трговски партнер на Русија, Путин беше пречекан со црвен тепих на пистата од високи ...
Read More »Германија ги повикува своите граѓани да го напуштат Иран поради страв од одмазда поради санкциите
Германија ги повика своите граѓани во Иран итно да ја напуштат земјата и да се воздржат од патувања таму, поради стравувања дека би можеле да станат мета на одмазднички мерки од Техеран. Ова следува по активирањето на механизмот за враќање на санкциите на ОН против Иран поради неговата нуклеарна програма, во што Германија има клучна улога. Германија, заедно со Велика ...
Read More »Данска го повика американскиот дипломат во Копенхаген поради сомнежи за тајни операции во Гренланд
Министерот за надворешни работи на Данска, Ларс Локе Расмусен, го повика највисокиот американски дипломат во Копенхаген, откако државната телевизија „DR“ објави извештај дека американски државјани спроведувале тајни операции во Гренланд, пишува Би-би-си. Според телевизијата „DR“, целта на операциите била инфилтрација во гренландското општество и промовирање на негово отцепување од Данска и приклучување кон САД. Иако извештајот не открива за кого работеле ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden