Македонскиот премиер Зоран Заев во официјална посета на Бугарија

Македонскиот премиер Зоран Заев во официјална посета на Бугарија освари средбата со бугарскиот премиер Бојко Борисов. Попладне ќе се сретне и со претседателот Румен Радев. По Брисел, ова е втората дестинација на Заев по формирањето на новата влада. Се очекува една од темите на разговорите да биде и договорот за добрососедство. Заев пред посетата на неколку наврати истакна дека од Бугарија, која од 1-ви јануари идната година го презема претседавањето со Европската унија, очекува добра соработка и поддршка за македонските евроатлантски аспирации.

Бугарскиот премиер Борисов, по изборот на новата македонска влада, изрази уверување дека Софија и Скопје ќе работат на зацврстување на добрососедските односи и за приближување на Македонија кон ЕУ и НАТО. Покрај политичкиот дел и средбите со Борисов и со Радев, предвидено е македонската владина делегација предводена од премиерот Заев, во Софија да има и повеќе бизнис средби.

Advertisement