Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана, г-дин Никола Ѓурѓај на 16.01.2018 година во Министерството за надворешни работи на Република Македонија оствари средба со г-дин Виктор Димовски, државен секретар во Министерството за надворешни работи на Република Македонија. На работната средба претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана, го информира г-дин Виктор Димовски за најновите настани поврзани со актуелната положба на Македонците во Албанија, ...
Read More »Tag Archives: Македонија
Македонија во челна позиција во групата “Ц“
По денешните натпревари во групите “Ц“ и “Д“, стана познато кои шест репрезентации ќе продолжат во главната фаза. Од групата “Ц“ продолжуваат Македонија, Германија и Словенија, а дома заминува Црна Гора, додека од групата “Д“ продолжуваат Данска, Шпанија и Чешка, а дома заминува Унгарија. Македонија е најпријатното изненадување во досегашниот тек на првенството и нашата репрезентација главната фаза ја почнува ...
Read More »Совладана и Црна Гора, Македонија е во втората фаза од ЕП
Македонската машка сениорска репрезентација на Македонија успеа во второто полувреме да ги надмине проблемите кои ги имаше во првите 30 минути од натпреварот со Црна Гора и со одлична тимска игра да дојде до вториот триумф во исто толку натпревари на Европското Првенство, осигурувајќи го своето место во втората фаза од Првенството. Црна Гора предводена од расположениот Чавор водеше во ...
Read More »Благословен почетокот на Новото лето Господово
Господарот на Вселената трпи обрезание и, како добар, ги отстранува човечките прегрешенија; денес на светот му дава спасение, а во висините се радува и Создателовиот светлоносен ерарх и божествен Христов тајник, Василиј (Кондак на празникот) Денес ликува Црквата Христова, славејќи двоен празник: на Обрезанието Господово во осмиот ден достојно му се придружува и сеславниот спомен на столбот на Црквата, Светителот Василиј ...
Read More »Протестен марш за Македонија пред владата на Гермнаија
Во организација на Македонската заедница во Германија, на 27 јануари 2018 година (сабота) се организира протестен марш ЗА МАКЕДОНИЈА! Собирно место на протестниот марш е во 13.00 часот пред Бранденбуршката порта (Brandenburger Tor – Pariser Platz, 10117 Berlin), од каде што присутните ќе се упатат до кабинетот на германската канцеларка Ангела Меркел. Од протестниот марш ќе се упати декларација ...
Read More »ВМРО-ДПМНЕ со ново раковоство
Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на седницата одржана на 12.01.2018 година ги избра, Владо Мисајловски, Митко Јанчев, Александар Николовски за потпретседатели на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, е избран за генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ. Во централното седиште на ВМРО-ДПМНЕ, беше избран новиот Извршен комитет на партијата. Членови на ИК се тројца претседатели на општински комитети- Иван Јорданов од Штип, Кирил Пецаков од Охрид ...
Read More »Голема победа на Македонија над Словенија за старт на ЕП2018
Машката сениорска репрезентација на Македонија во максимално неизвесен натпревар ја совлада третопласираната селекција на последното Светско Првенство, Словенија, за отворање на ЕП 2018 во Загреб. Избраниците на Раул Гонзалез знаеја како да го одржат силното темпо на игра во текот на целата средба, а во текот на првото полувреме успеаја да се вратат и од негатива од три гола ...
Read More »Вечерва се чека Стара нова година и Св.Василиј – Василица
По повод православната нова година и празникот Обрезание Господово и Свети Василиј Велики, утре во храмовите на Македонската православна црква ќе биде служена света Василиева литургија. Според Јулијанскиот календар, по кој се водат православните христијани, вечер се дочекува православната нова година, во народот позната уште како и Стара нова година, која почнува утре на Василица. Во Македонија, Василица многумина ја ...
Read More »Државниот секретар Виктор Димовски – домаќин на состанокот на Европската служба за надворешни работи со политичките директори на земјите од Западен Балкан
Денес во Министерството за надворешни работи на Република Македонија се одржа вториот состанок на Европската служба за надворешни работи (ЕЕАЅ) предводена од Заменик Генералниот секретар на ЕЕАЅ, Jean-Christophe Belliard со политичките директори на земјите од Западен Балкан (WB6). Дискусиите на состанокот беа фокусирани на европската перспектива на земјите од Западен Балкан, прашања поврзани со Источното партнерство на Европската унија, ...
Read More »ММДЧП го осудува усвојувањето на неуставниот Закон за јазици и бара реакција од претседателот Ѓорге Иванов
Македонското меѓународно движење за човекови права го осудува изгласувањето на Законот за јазиците во македонското Собрание од 11 јануари, 2018 година. Овој закон е не само неуставен, затоа што му доделува официјален статус на албанскиот јазик без потребното двотретинско мнозинство во Собранието, туку тој и сериозно ги дискриминира оние коишто го говорат досега единствениот официјален јазик, македонскиот, и оние од ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden