Албанија

Викендов почнува летното сметање на времето

Летното сметање на времето во 2023 година започнува на 26 март во 02 часот, така што со поместување за еден час нанапред, времето во 02 часот се смета како 03 часот. Летното сметање на времето завршува на 29 октомври во 03 часот, така што со поместување за еден час наназад, времето во 03 часот се смета како 02 часот. Сезонското ...

Read More »

Верниците од исламска вероисповед утре го почнуваат рамазанскиот пост

Верниците од исламска вероисповед утре во 03:50 часот го почнуваат рамазанскиот пост, што трае 30 дена. Во тој период верниците од изгрејсонце до зајдисонце се воздржуваат од јадење и пиење. Според исламската религија, постот, кој е еден од исламските столбови е задолжителен за сите верници за нивно физичко и душевно прочистување. Верниците мора да се воздржуваат од лоши зборови и ...

Read More »

Бектешите верници го слават денот на Султан Невруз

Бектешите во Албанија и во светот денеска го слават денот на Султан Невруз. На овој ден се слави роденденот на имамот Али позната како ден на Султан Невруз, секој ден каде сите живи суштества му служат на Бога и љубов лица се присоедини кон Господ, мир и добрина. Султан Невруз познат како денот на благородништвото кај Бектешите. Според традицијата, верниците ...

Read More »

Рама за прв човек на ШИШ ја предлага Влора Хисени

Премиерот Еди Рама на денешната средба, на шефот на државата, Бајрам Бегај,му достави предлог, со кој за прв човек на албанската тајна служба, ШИШ ја предлага косовката Влора Хисени, актуелен советник во неговата влада. Денеска му го презентирав на претседателот на Републиката предлогот за именување на Влора Хисени за директор на Државната разузнавачка служба, со целосна увереност дека извонредната подгототвеност, ...

Read More »

ЕУ и Албанија одржаа Совет за стабилизација и асоцијација

Комесарот за добрососедска политика и проширување Оливер Вархеји се надева дека во втората половина од годинава ќе има големи случувања во патувањето на Албанија кон Европската унија (ЕУ). Тој денеска во Тирана одржа заедничката прес-конференција со високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија, Жозеп Борел и албанскиот премиер Еди Рама. Во Тирана ...

Read More »

Антикорупциска акција во Албанија: Приведен градоначалникот на Булќиза

По налог на Специјалното обвинителство за организиран криминал и корупција, СПАК синоќа приведен  е градоначалникот на албанскиот град Булќиза, Лефтер Ала. Градоначалникот на Булќиза, Лефтер Ала  е уапсен од страна на државната полиција. Апсењето доаѓа по налог на СПАК, затоа што се товари за две обвиненија, за корупција и за злоупотреба на јавни тендери, наведува електронското издание на весникот “Коха ...

Read More »

ЦИК не ја регистрира за локалните избори Демократската партија, предводена од Алибеај

Со денешната одлука донесена попладнево од страна на албанската Централна изборна комисија, со која одби да ја регистрира Демократската партија, предводена од Енкелед Алибеај, а претходно и крилото на Сали Бериша, најголемата опозициска партија го изгуби правото на учество на локалните избори на 14 мај под логото на партијата, јавија албанските медиуми. По дадениот рок за дополнување на документација, пред ...

Read More »

Социјалистичката партија на избори на 14 мај одат самостојно

Длабоката поделеност во редовите на опозициската Демократска партија, ја зголеми самодовербата на владејачката Социјалистичката партија за многу подобар резултат на локалните избори, што ќе се одржат на 14 мај. Социјалистичката партија има за цел да победи во 45-55 од вкупно 61 општина. Верувам дека ова ќе биде резултатот, рече Дамиан Ѓикнури, генерален секретар на партијата. И покрај тоа што судот ...

Read More »

ЦИК не го регистрира Бериша за учество на локалните избори, на Алибеај документите вратени

Централна изборна комисија го отфрли барањето и не го регистрира за учество на локалните избори крилото на опозициската Демократска партија, предводено од Сали Бериша. И делот на партијата предводен од Енкелед Алибеај сеуште не е регистриран иако судот одлучи дека ним им припаѓаат печатот и логото на партијата. Комисијата му ја врати документацијата на Алибеај, кој е вршител на должноста ...

Read More »

Во Тирана отворена канцеларија на ДЕА за борба против трговијата со дрога и перење пари

Американската амбасада во Тирана соопшти дека во Тирана е отворена канцеларија на ДЕА,  заради борба против трговијата со дрога и перење пари поврзани со тоа, а за подобра иднина на албанските граѓани, јави abcnews.al. Во исто време се повикува „секој кој има сознанија или информации за случаи на трговија со дрога да пријави, за што се  гарантира целосна анонимност”. Борбата ...

Read More »