Македонци – Балкан

ЕФА алармира за ескалација на заплашувањето и притисоците врз македонското и турското малцинство во Грција

Foto: European Free Alliance Работната група за јазични и малцински права на Европската слободна алијанса (ЕФА) изрази сериозна загриженост поради засилените притисоци, институционалното заплашување и судското прогонување на припадниците на македонското и турското малцинство во Грција. Во декларацијата се наведува дека во текот на летата 2024 и 2025 година, како и во периодот што следува, притисоците врз двете малцински заедници ...

Read More »

За Бугарија решението за сите проблеми е Македонците да ги снема, вели Стојков од ОМО “Илинден”-Пирин

Македонското малцинство во Бугарија не очекува решение за регистрација на македонски здруженија и покрај најавите на Јотова дека таа сага набрзо ќе заврши. Првиот човек на ОМО “Илинден”-Пирин, Стојко Стојков, вели дека недовербата останува бидејќи, како што вели, „политиката на Бугарија е насочена кон негирање и постепено бришење на македонскиот идентитет“, за кој властите во Софија, според Стојков, сметаат дека ...

Read More »

Адмир Идризи објави две книги за историјата и културното наследство на Гора и Опоље

Фото: Адмир Идризи По повеќегодишна истражувачка работа, во издание на „Утилис“ од печат излегоа две книги на авторот Адмир Идризи, посветени на историјата, културата и книжевното наследство на Гора и Опоље. Станува збор за книгите „Гора и Опоље во австроунгарскиот попис од 1918 година“ и „Нишан во Гора“. Книгата „Гора и Опоље во австроунгарскиот попис од 1918 година“ е објавена ...

Read More »

Притисок врз Македонското движење за промоција на мајчиниот јазик „Крсте Мисирков“

Македонското движење за промоција на мајчиниот јазик „Крсте Мисирков“ објави дека во последните денови Македонци добиваат повици од полицијата за да дадат исказ во рамките на истрага за наводно кривично дело. Во објавата се наведува дека предметот опфаќа 15 лица и две организации. Од македонското движење „Крсте Мисирков“ ги повикуваат сите кои добиле полициски повик да ја информираат организацијата. „Организирано ...

Read More »

Бугарска пресуда за Македонци во Бугарија тема на дебата пред Комитетот на министри на Советот на Европа

Европскиот суд за човекови права пред 20 години донесол пресуда дека Бугарија ја прекршила слободата на здружување со одбивањето да ја регистрира ОМО „Илинден“. Оваа пресуда деновиве ќе биде тема на расправа пред Комитетот на министри на Советот на Европа. Комитетот на министри на Советот на Европа од 15 до 17 септември ја одржува својата квартална седница за надзор над ...

Read More »

Македонски национален совет во Србија: Споменикот „Мајка Македонија“ не е политичка провокација, туку симбол на сеќавање

Македонскиот национален совет соопшти дека иницијативата за поставување на споменикот „Мајка Македонија“ во Нови Сад не носи никакви политички, територијални или меѓународни конотации, известува порталот 021 од Нови Сад. Оттаму додаваат дека иницијативата ја одразува желбата да се одбележат осум децении од организираното населување на Македонците во Војводина и да се оддаде признание за нивниот придонес кон развојот на Нови Сад, Војводина ...

Read More »

Успешно се одржа Летната школа за македонски јазик во Хрватска

Во преубавиот амбиент на Селце, успешно се одржа годинешната Летна школа за македонски јазик во Република Хрватска. Проектот, чиј носител е Заедницата на Македонците во Република Хрватска, а се остварува со финансиска поддршка на Министерството за наука, образование и млади на Република Хрватска, уште еднаш ја потврди својата непроценлива улога во зачувувањето на македонскиот јазик, идентитет и култура кај помладите генерации. На шШолата ...

Read More »

Дваесет и девет организации на Македонците во Србија се обединија во едно здружение

На големиот македонски национален празник Илинден, во Јабука се одржа Основачкото собрание на Македонскиот национален сојуз, со што беше означен почетокот на ново и историско поглавје за македонската заедница во Република Србија. Во Сојузот се обединија 29 од вкупно 34 активни македонски организации во Србија, без Националниот совет. Ова претставува најшироко организирано обединување на македонски здруженија, фондации, културно-уметнички друштва, установи, ...

Read More »

Системското негирање и дискриминацијата и натаму го загрозуваат македонското малцинство во Бугарија

Заедничкиот извештај од 2025 година изготвен од комитетот за човекови права „Толеранција“ со поддршка од ОМО „Илинден“ – Пирин, Здружението на репресирани Македонци во Бугарија – жртви на комунистичкиот терор, ОМО „Илинден“-Пирин, Здружението за заштита на основните граѓански права, Граѓанската иницијатива за признавање на македонското национално малцинство во Бугарија и заштита на правата на бугарските граѓани со македонска самосвест, Македонскиот клуб за етничка ...

Read More »

Вашигтон Тајмс во1903-та: Близу половина од населението во Бугарија се Македонци по род или по потекло

Вистина е дека оваа земја (се мисли на Бугарија з.н.) силно сочувствува со Македонското движење. Близу половина од населението во Бугарија се Македонци, по род или по потекло. Како и да е, руското влијание за контрола на (бугарската) влада е неверојанто умешно, а засега нема знаци на какво било јавно движење за промена на вистинскиот став, што Русија толку строго ...

Read More »