Премиерот Еди Рама, изјави дека процесот на интеграција на земјата во Европската Унија не треба да се гледа само како политичка или дипломатска цел, туку пред сè како процес чија главна цел е подобрување на животниот стандард на албанските граѓани. На прес-конференција со амбасадорката на Европската Унија во Албанија, Софија Мореира де Соуса, по предавањето на Извештајот за напредокот на Албанија, ...
Read More »Албанија
Извештајот на ЕК: Бара подобра заштита на националните малцинства во Албанија правата постојат на хартија, но нивната примена останува предизвик
Заштитата на националните малцинства во Република Албанија и натаму бара дополнителни напори, особено во спроведувањето на законските гаранции и остварувањето на правата во секојдневниот живот. Ова е еден од акцентите во Извештајот на Европската комисија за Република Албанија објавен на 4 ноември 2026 година. Во документот се нагласува дека, и покрај постоењето на законска рамка за заштита на националните малцинства, ...
Read More »Во Тирана се одржа регионална средба за зајакнување на соработката во областа на воздухопловното пребарување и спасување
Во Тирана се одржа регионалната средба на Регионалниот советодавен комитет за воздухопловно пребарување и спасување (RASARAC), посветена на зајакнувањето на соработката меѓу земјите од регионот во областа на воздухопловното пребарување и спасување (Search and Rescue – SAR). Во рамките на регионалната соработка, во овој механизам се застапени земји како Албанија, Македонија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Црна Гора, Србија, Словачка, ...
Read More »Рама повторно ги повика студентите на дијалог, постави камена маса пред кабинетот
Албанскиот премиер Еди Рама повторно им понуди дијалог на студентите и средношколците кои протестираат против неговата влада, поставувајќи камена маса пред својот кабинет во Тирана. На неа оставил пораки со натпис „Дијалог“, како нов повик за разговори. Во видеообраќање објавено на социјалните мрежи, Рама го покажа просторот пред кабинетот и порача дека е подготвен во секое време и на кое ...
Read More »Албанија под сајбер-притисок со 81 обид за напад во минута
Албанија регистрирала речиси 32 милиони обиди за сајбер-напад во првите девет месеци од 2026 година, односно просечно 81 обид во минута. Речиси половина биле насочени кон критичната инфраструктура на земјата, покажуваат податоците претставени на Националната конференција за сајбер-безбедност во Тирана. И покрај огромниот број регистрирани обиди, надлежните институции пријавиле 25 сајбер-безбедносни инциденти, што ја отвора дилемата колку е ефикасна дигиталната ...
Read More »Завршена втората фаза од изградбата на Коридорот VIII: Подобро поврзување на Албанија и Македонија (ВИДЕО)
Премиерот на Албанија, Еди Рама, денеска објави снимки од завршувањето на вториот дел од изградбата на Коридорот VIII, Папер – Ура е Грикшит, во областа Елбасан. „Уште една инвестиција што ја зголемува безбедноста во сообраќајот и ја олеснува поврзаноста меѓу населените места“, напиша Рама покрај објавеното видео. Станува збор за делница долга 1,8 километри, која се протега на левата страна ...
Read More »Претседателот Бајрам Бегај го потпиша указот: Локалните избори во Албанија ќе се одржат на 9 мај 2027 година (ФОТО)
Претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај го потпиша указот со кој 9 мај 2027 година се одредува како датум за одржување на локалните избори за органите на локалната самоуправа. За утврдување на датумот, претседателот на Републиката одржал консултации со сите политички субјекти застапени во Собранието на Албанија, како и со Државниот изборен комесар, како претставник на надлежниот изборен орган. На поканата ...
Read More »СПАК во Тирана организираше меѓународна средба за зајакнување на борбата против корупцијата
Фото: СПАК Споредбата на искуства и зајакнувањето на меѓународната соработка се од суштинско значење во борбата против корупцијата и заштитата на правата и достоинството на граѓаните. Во периодот од 27 до 29 октомври, Специјалното обвинителство против корупција и организиран криминал на Албанија (СПАК) беше домаќин на 16. состанок на Мрежата на органи за спроведување на законот, во рамките на Антикорупциската ...
Read More »Албанија: Активирани димни бомби и факели во Собранието (ВИДЕО)
Фото: Собрание на Албанија Пленарната седница во Собранието на Албанија се одвиваше во напната атмосфера, откако расправата беше прекината, а постапката продолжи директно со гласање. Како знак на протест, пратеници од опозициската Демократска партија активираа димни бомби и факели во собраниската сала, предизвикувајќи дополнителни тензии и нарушувајќи го редовниот тек на седницата. Инцидентот го попречи нормалното одвивање на парламентарните процедури, ...
Read More »Владата на Албанија ги утврди процедурите за стекнување државјанство со натурализација од посебен државен интерес
Советот на министри на Албанија денеска ги утврди процедурите, критериумите и контролите за стекнување албанско државјанство со натурализација од посебен државен интерес, како и организацијата и функционирањето на Специјалната државна агенција за државјанство. Според одлуката, странските државјани ќе можат да аплицираат доколку нивните квалитети, способности или приватни и јавни активности одговараат на конкретна потреба, носат придобивки, иновации или создаваат предности ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden