Македонци – Свет

Придружете ни се во клучната борба за нашиот опстанок – Придружете се уште денес кон Македонскиот Фонд за Човекови Права

Нападите што имаат за цел да нè уништат не престануваат. Борбата за нашиот опстанок – за тоа што отсекогаш сме биле – Македонци – не била на толку критично ниво во поновата историја. Принудната промена на името на Македонија и преговорите со Бугарија водат кон губење на нашето име, идентитет, култура, историја и јазик. Се шири кршењето на човековите права ...

Read More »

Честитка од Централниот совет на Македонците во Германија по повод 23 октомври – Ден на македонската револуционерна борба

Република Македонија денес го празнува 23 Oктомври, Денот на македонската револуционерна борба. Празникот се празнува по повод основањето на Македонската револуционерна организација на 23 октомври 1893 година во Солун. Организацијата се борела за ослободување на Македонија со сопствени сили, без помош од надвор. Основањето на МРО значело почеток на организираното македонско револуционерно движење што преку Илинден 1903 и Крушевската република, ...

Read More »

ММДЧП го осудува потегот на Врховниот суд на Грција за одолговлекување на постапката за укинување на бришењето од регистерот на Центарот за македонски јазик во Егејска Македонија

Центарот за македонски јазик во Грција, организација што го чува и негува македонскиот јазик како автохтон јазик во Грција, беше распуштен од Апелациониот суд во Кожани на 13 август 2024 година. Организацијата веднаш поднесе жалби до Врховниот суд на Грција за поништување на одлуката за распуштање, а рочиштето беше закажано за 21 септември 2026 година. Наместо тоа, Врховниот суд ги ...

Read More »

Фолклорната група при Македонски клуб “Илинден“-Латцен-Хановер чувар на македонската традиција во Германија

Фото: Македонски весник “Илинден” Далеку од родната Македонија, во срцето на македонската заедница во северниот дел на Германија, со години се негуваат македонскиот јазик, песната, орото и народните обичаи. Еден од примерите за посветена работа во зачувувањето на македонската традиција е Македонскиот клуб “Илинден“- Латцен – Хановер, кој повеќе од четири децении е место за собирање, дружење, културно поврзување и ...

Read More »

Централниот Совет на Македонците во Германија и Светскиот Македонски Конгрес потпишаа договор за стратешко партнерство

Во Скопје, претседателот на Централниот Совет на Македонците во Германија, Роберт Кленкоски, и претседателот на Светскиот Македонски Конгрес, Тодор Петров, остварија официјална средба и потпишаа договор со кој воспоставија стратешко партнерство и соработка. Со тоа, две независни организации ги поврзуваат своите искуства, мрежи и можности и испраќаат значаен сигнал за зајакнување на меѓународната соработка на Македонците. Во фокусот на соработката ...

Read More »

Претседателот на Централниот совет на Македонците во Германија, Кленкоски на работна средба со гувернерот, Славески

Во просториите на Народната банка се одржа официјална работна средба на која гувернерот, Трајко Славески го прими во официјална посета претседателот на Централниот совет на Македонците во Германија, Роберт Кленкоски. Оваа средба помина во знак на отворен и високостручен монетарен дијалог, фокусиран на економската сигурност, целокупниот банкарски систем и заштитата на капиталните права на македонските државјани кои живеат и работат ...

Read More »

Централниот совет на Македонците во Германија со остро „НЕ“ за негирањето на македонскиот идентитет и јазик од Костадин Костадинов

Централниот совет на Македонците во Германија најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република Бугарија за да започне незапаметена кампања на дехуманизација и етничка агресија против македонската нација. Особено ...

Read More »

Претседателот на Централниот совет на Македонците во Германија, Роберт Кленкоски во официјална посета на Уставниот суд на  Македонија

Вчера во просториите на Уставниот суд на Република Македонија, претседателот на Судот, Дарко Костадиновски, прими во официјална посета претседателот на Централниот совет на Македонците во Германија, Роберт Кленкоски. Оваа средба помина во знак на отворен и напреден уставно-правен дијалог, фокусиран на заштита на основните граѓански права и зачувување на уставните принципи според највисоките европски стандарди. За време на разговорот, претседателот ...

Read More »

Претседателот на Централниот совет на Македонците во Германија, Кленкоски осварии работна средба со градоначалникот на Општина Дебрца, Сиљаноски

Претседателот на Централниот совет на Македонците во Германија, Роберт Кленкоски денес во просториите на Општината осварии работна средба помеѓу градоначалникот на Општина Дебрца, Златко Сиљаноски. Средбата помина во исклучително срдечна и продуктивна атмосфера, фокусирана на искористување на недопрената еколошка средина на регионот и нејзино трансформирање во моќен развоен адут на германскиот пазар. Градоначалникот Сиљаноски детално го запозна Централниот совет со ...

Read More »

Кленкоски на работна средба со градоначалникот на Битола, Коњановски

Денес во просториите на Општината се одржа официјална работна средба помеѓу градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, Роберт Кленкоски, претседател на Централниот совет на Македонците во Германија. Средбата, која помина во исклучително срдечна атмосфера, ја потврди и нивната претходна пријателска релација, што овозможи директен, отворен и високопродуктивен дијалог насочен кон градење на долгорочно стратешко партнерство. На почетокот на средбата, градоначалникот ...

Read More »