Македонци

За првпат, официјалната веб-страница на Општина Пустец ќе биде достапна и на македонски јазик, по барање на Македонско друштво “Илинден“-Тирана

Општина Пустец го прифати барањето на Македонското друштво “Илинден“-Тирана официјалната веб-страница на Општината, покрај на албански, да биде достапна и на македонски јазик. Оваа иницијатива, побарана од Македонското друштво “Илинден“-Тирана, ќе овозможи за првпат официјалната веб-страница на Општина Пустец да нуди информации и на македонски јазик. По официјалното барање на Македонското друштво “Илинден“-Тирана, упатено до градоначалникот на Општина Пустец, претседателот ...

Read More »

Ѓурѓај учествуваше на Дијалогот Шлезвиг-Холштајн за зајакнување на социјалната кохезија и заштита на правата на малцинствата во Западен Балкан

Фото: Македонски весник “Илинден” Во Академскиот центар Занкелмарк (Akademiezentrum Sankelmark), во Оеверзе, Сојузна Република Германија, од 1 до 4 ноември 2026 година се одржа Дијалогот Шлезвиг-Холштајн – Западен Балкан, посветен на зајакнувањето на социјалната кохезија, инклузивното управување и заштитата на правата на националните малцинства. На настанот учествуваа високи претставници од Германија, Данска и земјите од Западен Балкан, меѓу кои Албанија, ...

Read More »

ЕФА алармира за ескалација на заплашувањето и притисоците врз македонското и турското малцинство во Грција

Foto: European Free Alliance Работната група за јазични и малцински права на Европската слободна алијанса (ЕФА) изрази сериозна загриженост поради засилените притисоци, институционалното заплашување и судското прогонување на припадниците на македонското и турското малцинство во Грција. Во декларацијата се наведува дека во текот на летата 2024 и 2025 година, како и во периодот што следува, притисоците врз двете малцински заедници ...

Read More »

За Бугарија решението за сите проблеми е Македонците да ги снема, вели Стојков од ОМО “Илинден”-Пирин

Македонското малцинство во Бугарија не очекува решение за регистрација на македонски здруженија и покрај најавите на Јотова дека таа сага набрзо ќе заврши. Првиот човек на ОМО “Илинден”-Пирин, Стојко Стојков, вели дека недовербата останува бидејќи, како што вели, „политиката на Бугарија е насочена кон негирање и постепено бришење на македонскиот идентитет“, за кој властите во Софија, според Стојков, сметаат дека ...

Read More »

По седум години повторно се одржаа Преспанските училишни игри

По пауза од седум години, Преспанските училишни игри (Prespes School Games) повторно се одржаа на 29 и 30 октомври во Лаимос, Грција, собирајќи ученици од Пустец, Лаимос и Ресен на два дена исполнети со спортски активности, натпревари и дружење. Второто издание на манифестацијата се реализираше во рамките на проектот Pulse, финансиран од Европската Унија. Во проектот учествуваат Општина Пустец од ...

Read More »

Во Корча промоција на етнокултурното наследство на македонското, ромскот, влашкото и египќанското малцинство

Денеска, во салата на Советот на Округот Корча, се одржа завршниот настан на проектот „Создавање традиционални носии на македонското, ромското, влашкото и египтјанското национално малцинство во регионот на Корча“, имплементиран од македонското друштво „Сонце“, со поддршка на Комитетот за национални малцинства и во партнерство со репрезентативните здруженија на ромската, влашката и египќанската заедница. За време на настанот беа претставени четири ...

Read More »

Во Корча ќе бидат презентирани традиционалните носии на Македонците, Ромите, Власите и Египќаните

Македонското друштво “Сонце“ од Корча со поддршка на Комитетот за национални малцинства, во сабота, 31 октомври, ќе го организира завршниот настан на проектот „Создавање традиционални носии на македонското, ромското, влашкото и египтјанското национално малцинство во регионот на Корча“. Во рамките на настанот ќе бидат презентирани традиционалните носии на четирите национални малцинства, изработени од познатата костимографка од Корча, Лирика Појани. Носиите ...

Read More »

Македонско друштво “Илинден“-Тирана упати честитка до “Нова Македонија“ за 82-годишнината

Македонското друштво “Илинден“-Тирана и Македонскиот весник “Илинден“ упатија искрени честитки до “Нова Македонија“ по повод 82-годишнината од излегувањето на првиот национален дневен весник во слободна Македонија, на македонски јазик и на неговото кирилско писмо. Во честитката, упатена до Ратко Лазарески, директор на „Нова Македонија“, се истакнува значајната улога на весникот во афирмацијата на македонската држава, народ, јазик и култура. “Нова ...

Read More »

Адмир Идризи објави две книги за историјата и културното наследство на Гора и Опоље

Фото: Адмир Идризи По повеќегодишна истражувачка работа, во издание на „Утилис“ од печат излегоа две книги на авторот Адмир Идризи, посветени на историјата, културата и книжевното наследство на Гора и Опоље. Станува збор за книгите „Гора и Опоље во австроунгарскиот попис од 1918 година“ и „Нишан во Гора“. Книгата „Гора и Опоље во австроунгарскиот попис од 1918 година“ е објавена ...

Read More »

Прв снег во областа Гора, снежната покривка достигна до 5 сантиметри

Фото: Архива на македонскиот весник “Илинден“ Првите снежни врнежи ја зафатија планинската област Гора, во округот Кукс, по падот на температурите во повисоките предели. На надморска височина над 1.000 метри, дождот премина во снег, кој покри неколку села во областа, меѓу кои Шиштеец и Запод. Според досегашните информации, снежната покривка достигнала до 5 сантиметри. Засега нема пријавено проблеми или прекини во ...

Read More »