Општина Пустец го прифати барањето на Македонското друштво “Илинден“-Тирана официјалната веб-страница на Општината, покрај на албански, да биде достапна и на македонски јазик. Оваа иницијатива, побарана од Македонското друштво “Илинден“-Тирана, ќе овозможи за првпат официјалната веб-страница на Општина Пустец да нуди информации и на македонски јазик. По официјалното барање на Македонското друштво “Илинден“-Тирана, упатено до градоначалникот на Општина Пустец, претседателот ...
Read More »Македонци – Албанија
Ѓурѓај учествуваше на Дијалогот Шлезвиг-Холштајн за зајакнување на социјалната кохезија и заштита на правата на малцинствата во Западен Балкан
Фото: Македонски весник “Илинден” Во Академскиот центар Занкелмарк (Akademiezentrum Sankelmark), во Оеверзе, Сојузна Република Германија, од 1 до 4 ноември 2026 година се одржа Дијалогот Шлезвиг-Холштајн – Западен Балкан, посветен на зајакнувањето на социјалната кохезија, инклузивното управување и заштитата на правата на националните малцинства. На настанот учествуваа високи претставници од Германија, Данска и земјите од Западен Балкан, меѓу кои Албанија, ...
Read More »По седум години повторно се одржаа Преспанските училишни игри
По пауза од седум години, Преспанските училишни игри (Prespes School Games) повторно се одржаа на 29 и 30 октомври во Лаимос, Грција, собирајќи ученици од Пустец, Лаимос и Ресен на два дена исполнети со спортски активности, натпревари и дружење. Второто издание на манифестацијата се реализираше во рамките на проектот Pulse, финансиран од Европската Унија. Во проектот учествуваат Општина Пустец од ...
Read More »Во Корча промоција на етнокултурното наследство на македонското, ромскот, влашкото и египќанското малцинство
Денеска, во салата на Советот на Округот Корча, се одржа завршниот настан на проектот „Создавање традиционални носии на македонското, ромското, влашкото и египтјанското национално малцинство во регионот на Корча“, имплементиран од македонското друштво „Сонце“, со поддршка на Комитетот за национални малцинства и во партнерство со репрезентативните здруженија на ромската, влашката и египќанската заедница. За време на настанот беа претставени четири ...
Read More »Во Корча ќе бидат презентирани традиционалните носии на Македонците, Ромите, Власите и Египќаните
Македонското друштво “Сонце“ од Корча со поддршка на Комитетот за национални малцинства, во сабота, 31 октомври, ќе го организира завршниот настан на проектот „Создавање традиционални носии на македонското, ромското, влашкото и египтјанското национално малцинство во регионот на Корча“. Во рамките на настанот ќе бидат презентирани традиционалните носии на четирите национални малцинства, изработени од познатата костимографка од Корча, Лирика Појани. Носиите ...
Read More »Македонско друштво “Илинден“-Тирана упати честитка до “Нова Македонија“ за 82-годишнината
Македонското друштво “Илинден“-Тирана и Македонскиот весник “Илинден“ упатија искрени честитки до “Нова Македонија“ по повод 82-годишнината од излегувањето на првиот национален дневен весник во слободна Македонија, на македонски јазик и на неговото кирилско писмо. Во честитката, упатена до Ратко Лазарески, директор на „Нова Македонија“, се истакнува значајната улога на весникот во афирмацијата на македонската држава, народ, јазик и култура. “Нова ...
Read More »Прв снег во областа Гора, снежната покривка достигна до 5 сантиметри
Фото: Архива на македонскиот весник “Илинден“ Првите снежни врнежи ја зафатија планинската област Гора, во округот Кукс, по падот на температурите во повисоките предели. На надморска височина над 1.000 метри, дождот премина во снег, кој покри неколку села во областа, меѓу кои Шиштеец и Запод. Според досегашните информации, снежната покривка достигнала до 5 сантиметри. Засега нема пријавено проблеми или прекини во ...
Read More »Ученици од Пустец, Ресен и Лемос ќе учествуваат на вторите училишни игри во општина Преспа
Фото: Oпштина Преспа Ученици од Ресен, Пустец и Лемос ќе учествуваат на вторите училишни игри „За пријателите сè е заедничко“ е мотото под кое во четврток и петок ќе се одржат вторите училишни игри Преспа, во организација на општина Преспа, со учество на ученици од Ресен, од општина Лемос и од Пустец, кои заедно ќе поминат два дена запознавајќи се ...
Read More »Врбник – Ние сме Македонци, не сме Бугари (ВИДЕО)
Во разговор со албанска новинарка, жител од селото Врбник, областа Девол, Албанија, решително ја отфрла денационализацијата, потсетувајќи дека жителите се Македонци и дека селото било дел од Егејска Македонија.
Read More »Понорот Завер, Преспанско Езеро (ВИДЕО)
Фото: Весник Македониум Се наоѓа во близина на селото Долна Горица, општина Пустец. Тоа е највидливото и најинтересното место каде што водата тече под земја од Преспанското Езеро до Охридското Езеро. Овој геоспоменик има научна, геолошка, геоморфолошка, културна и туристичка вредност. Понорот Завер се наоѓа на западниот брег на Преспанското Езеро, на пресекот на два тектонски раседи. Од 2002 година, ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden