Со пуштањето во употреба на тунелот Муриз, најавено за 14 идниот месец, кој е дел од автопатот „Патот на Арбр“ (Руга е Арбрит) од граничниот премин „Блато“ кај Дебар, до Тирана ќе се стигнува за еден час. На 14 март ќе го отвориме големиот тунел Муриз за пристап за сите возила, а ќе продолжиме со работа на помошниот тунел, кој ...
Read More »Tag Archives: дебар
Бања Баниште е културно наследство на Македонија
Двата базена, Горен и Долен амам, кои и денес се користат, се изградени во 1797 година, а првиот современ хотел во 1925 година. Денес Бања Баниште е прогласено за културно наследство на Македонија. Бања Баниште, позната и како Бања Бањиште, Дебарска Бања Баниште или Бањиште, е едната од двете бањи во состав на Дебарските Бањи во подножјето на планината Крчин, ...
Read More »Преподобна Параскева слава и пофалба на градот Дебар
Која земна уста и небесен ум не би пристапиле да ја восфалат славната невеста Христова, Преподобна наша мајка Параскева, чие нетлено тело и денес сведочи за нејзиниот големиот подвиг на крајно трпение во неволјите и девствена чистота, што смирено Му ги принесе на својот Младоженец!? Оти таа, како небесна птица задоена со слободата на духот, оставајќи сѐ овоземно, минливо и ...
Read More »Обновените стари бигорски камбани поставени во Рајчица
Во овој празничен период на пасхално ликување, во Бигорскиот метох, Манастирот на Светиот Великомаченик Георгиј Победоносец, се случи уште една убава и достофална работа. Имено, со благослов на нашиот Старец, Епископот Антаниски г. Партениј, кој со сите свои сили ревнува за наш сеопшт духовен и културен препород, во Рајчица повторно одекнаа радосните звуци на старите камбани што низ времињата ѝ ...
Read More »Архимандрит Кирил Рилски кој ги спасил Албанците и градот Дебар во 1918 година
Mесец август 1995 година, ден осми, споменот на Светата Преподобномаченица Параскева Римјанка. Сонцето, моќно издигнато измеѓу Бистра и Крчин, самовласно господари над целата Река, откривајќи ја во целост првосоздадената красота на Радичката клисура. Во тоа време сè уште ја спознавав богомдаруваната убавина на Река и од нејзината природа, како од петто Евангелие напишано непосредно со Божјите прсти, ја читав надразумната ...
Read More »Бигорскиот манастир “Свети Јован Крстител“ денес одбележа 1000 години од неговото основање во 1020 година
Достоинствено, како што му доликува на милениумскиот јубилеј, денеска Бигорскиот манастир со централна прослава одбележа 1000 години од основањето. По пречекот на претседателот Стево Пендаровски,кој е покровител на прославата и Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, од Епископот Антаниски г. Партениј и традицинална мијачка гарда, беше отслужена Божествена архијерејска Литургија, со која чиноначалствуваше Архиепископот г. г. Стефан, ...
Read More »Одбележан патронот на манастирот „Свети Георгиј Победоносец“ во Рајчица
Празникот Свети Великомаченик Георгиј, патрон на манастирот „Свети Георгиј Победоносец“ во дебарското село Рајчица поради вонредната состојба со пандемијата на коронавирусот, и во согласност со превентивните мерки на државните и здравствените власти, беше одбележан само со присуство на бигорското братство и раичкото сестринство и многу мал број верници. Ова се случува за првпат во неговата понова историја, но сепак,како што ...
Read More »Македонија: Во Дебар десет дена без новозаразени со „Ковид-19“, контролните пунктови повлечени од вчера
Во Дебар и во изминатото деноноќие нема новодијагностицирани со „Ковид-19“,што значи дека позитивен случај не е регистриран веќе десетти ден. Последните два случаи позитивни на„Ковид-19“ беа потврдени на четврти април па од догаш денесе нема нови случаи. Исто така и пред тоа три дена по ред немаше новодијагностицирани. Бројот на заразените останува 49 од нив двајца од Центар Жупа односно ...
Read More »Доктор Клопчевски оптимист, состојбата во Дебар се смирува, но лекарите да не се оставаат без заштитна опрема
Состојбата во кризните подрачја во Дебар и Центар Жупа полека се смирува, вели примариус докторот Драган Клопчевски (60), специјалист интернист со над 30 годишно работно искуство. Докторот е оптимист дека состојбата брзо ќе се среди и во телефонски разговор за МКД.мк вели дека во Дебар веќе нема толкава бројка на заболени лица, односно во просек има по еден заболен на ...
Read More »Доктор Драган Клопчевски посветено работи во Дебарската болница
Примариус доктор Драган Клопчевски кој е специјалист интернист од Дебар, кризната состојба во Дебар во петокот вечерта ја дочека во Скопје каде живее со семејството. По саботата која му беше слободна утрово повторно се враќа во дебарската болница. Мината недела имал четири ноќни дежурства, така ќе биде и неделава. Но оваа недела нема да се враќа кај сопругата и децата во ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden