Tag Archives: фестивал

Струшки вечери на поезијата од 22 до 27 август

Со палење на фестивалскиот оган и традиционалното читање на Константиновата „Т’га за југ“ пред Домот на поезијата во Струга на 22 август во 20.30 часот официјално ќе биде отворено 57-то по ред издание на поетскиот фестивал „Струшки вечери на поезијата“. Според традицијата, манифестацијата ќе започне во 12 часот претпладне со садење дрвце во Паркот на поезијата во чест на добитникот ...

Read More »

Македонското друштво “Мост на пријателство“ на Фестивалот на културите во Италија

Во провинцијата Тревицо (Trevizo), во градот Пјеве ди Солиго (Pieve di Soligo) од пред две години формирано е Македонското друштво “Мост на пријателство“ (Ponte dell`amicizia) со цел зачувување и афирмација на македонската култура, традиции и обичаи, како и на Македонскиот јазик. Во Македонското друштво “Мост на пријателство“ членуваат околу 50 членови. Во рамките на Фестивалот на културите, наречен “Мојата земја“ ...

Read More »

Се одржа Македонскиот фестивал за храна во Њу Џерси

Со традиционална храна, музика и оро, и оваа година по петти пат се одржа Македонскиот фестивал за храна во Сидер Гроув, Њу Џерси. Неколкуте илјади Македонци – посетители уште еднаш имаа можност да ја промовираат својата традиционална кујна пред своите соседи и американски пријатели. „Целта на неговото организарање, како прво е да се покажеме како македонски народ, да се покажеме ...

Read More »

Пет награди во пет категории за АКУД „Мирче Ацев” на фестивалот „Хармонија” во Германија

Академскиот хор се натпреваруваше во три категории: мешани камерни хорови со обврзна композиција, фолклорни песни и фолклорни хорови (со придружба од Народниот оркестар); Ансамблот за народни ора и песни во својата категорија на игроорни ансамбли и Народниот оркестар во својата категорија на оркестри. АКУД „Мирче Ацев” се врати од Германија со пет освоени награди од пет пријавени категории. Имено, Академскиот ...

Read More »

Интернационален фестивал на монодрама во Битола

  Интернационален фестивал на монодрама во Битола, завршува вечерва со Концертот на театарска музика на композиторот Горан Трајковски, насловен „На светов убавина“. На фестивалот, кој е од натпреварувачки карактер, учество зедоа монодрами од повеќе земји меѓу кои: Германија, Естонија, Хрватска, Полска, Холандија, Русија, Словенија, Израел и Македонија. Наградата Гран-при вечерва ќе ја додели интернационалното жири во чиј состав се:актерот и ...

Read More »