Tag Archives: Гордана Сиљановска Давкова

Честитка од претседателката Гордана Сиљановска Давкова по повод новогодишните празници (ВИДЕО)

Сакам ние да се вдомиме во Европската Унија, решени да живееме во амбиент на владеење на правото, демократија, економски просперитет и здрава животна средина, стои во честитката. Честитка од претседателката Гордана Сиљановска Давкова по повод новогодишните празници, која ви ја пренесуваме интегрално: „Годинава што си оди ќе ја помниме по драматичните промени на меѓународниот поредок, незамисливите војни со огромни човечки ...

Read More »

Годишно обраќање на претседателката Гордана Сиљановска Давкова во Собранието на Македонија

Почитувани граѓани, Почитуван Претседател на Собранието, г. Гаши, Почитуван Претседател на Владата, г. Мицкоски, Почитувани пратеници во Собранието, Почитувани министри, Ценети претставници на судската власт, Почитувани претставници на верските заедници, Почитуван началник на Генералштабот, Почитуван претседател на МАНУ, Академик Попов, Ценети претставници на дипломатскиот кор, Претставници на медиумите, дами и господа, Како носители на директен легитимитет, Вие и јас имаме ...

Read More »

Претседателката нa Македонија, Гордана Сиљановска Давкова ја прими Елиса Спиропали, министерка за Европа и надворешни работи на Албанија

Регионот како целина треба да се интегрира во Европската Унија без натамошно одложување, заклучија на денешната средба претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска Давкова и министерката за Европа и надворешни работи на Република Албанија, Елиса Спиропали која престојува во официјална посета. Сиљановска Давкова го поздрави напредокот на Република Албанија во пристапниот процес, укажувајќи дека во актуелниот геополитички контекст, напредокот на ...

Read More »

Честитка од претседателката Сиљановска Давкова по повод празникот Свети Климент Охридски

Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска Давкова упати честитка до сите верници од православна вероисповед, по повод државниот празник Свети Климент Охридски. Денеска, на 8 Декември го чествуваме Свети Климент Охридски, нашиот најголем просветител и најверен ученик на Светите Кирил и Методиј. Споменот за охридскиот светител е врежан не само во македонската, туку и во колективната меморија на целото словенство. Како ...

Read More »

Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска Давкова: Дијаспора може да биде важен ресурс за економски, образовен, научен и културен развој

Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска Давкова денеска се обрати на јавната расправа за Национална стратегија за соработка со дијаспората, организирана од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, презентирајќи оценка, забелешки и предлози. За неа, стратегијата е пресвртница во националната политика и сериозен обид за зајакнување на односите со дијаспората. Таа укажа дека за успех на стратешките определби е потребна ...

Read More »

Претседателката на Македонија, Гордaна Сиљановска-Давкова упати честитка по повод 22 Ноември – Денот на албанската азбука

Претседателката на Македонија, Гордaна Сиљановска-Давкова по повод 22 Ноември – Денот на албанската азбука, упатува честитка до сограѓаните Албанци, во која, како што се вели, со особена почит го честита 22 Ноември – празник којшто претставува силен симбол на просветителскиот напор, културната зрелост и историскиот опит на албанскиот народ. -Пред 117 години унифицираната азбука го започна своето патување од Конгресот ...

Read More »

Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска Давкова се потпиша во книгата на жалост во албанската амбасада во Скопје по повод смртта на поранешниот премиер Фатос Нано

Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска Давкова се потпиша во книгата на жалост, отворена во Амбасадата на Република Албанија во Скопје, по повод смртта на поранешниот премиер Фатос Нано. Во пораката таа напиша дека премиерот Нано ја обележа демократската транзиција и консолидација не само во Албанија, туку и во регионот, со своето знаење особено во економијата, но и со неговата социјалдемократска ...

Read More »

Сиљановска-Давкова: Дијаспората мора да биде рамномерен партнер во нашиот најважен потфат – да станеме стандардна европска држава

Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова вчеравечер се обрати на приемот, што по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, се одржа во Генералниот конзулат во Венеција (Местре). Пред присутните гости, припадници на македонската дијаспора во Италија, порача дека дијаспората мора да биде рамномерен партнер во нашиот најважен потфат – да бидеме стандардна европска држава, во која младите ќе остануваат, ...

Read More »

Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска Давкова го поздрави напредокот на Албанија на патот кон ЕУ

Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска Давкова го поздрави напредокот на Албанија на патот кон ЕУ на средба со претседателот Бајрам Бегај.  Таа со претседателот на Република Албанија се сретна на маргините на состанокот на земјите учеснички во „Процесот Брдо-Бриони“ во Драч при што, како што соопштија од нејзиниот Кабинет „го поздрави напредокот на земјата во процесот на интеграцијата во ЕУ ...

Read More »

Сиљановска-Давкова од Детроит: Државата ќе продолжи да вложува напори да ги зацврсти врските со дијаспората

Дијаспората мора да биде рамноправен партнер во градењето на Македонија како пристојно место за живот каде младите ќе остануваат и каде вие, иселениците, ќе ја остварите вашата потрага по среќа, рече претседателката Гордана Сиљановска Давкова на гала-вечерата организирана од страна на Обединетата македонска дијаспора – ОМД во Детроит, во рамки на работната посета на САД. Трагајќи по среќата, некои од ...

Read More »