Tag Archives: Izrael

Нетанјаху: Израел се приклучува на Одборот за мир на Трамп

Израел се приклучи на Одборот за мир на американскиот претседател Доналд Трамп, изјави израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Нетанјаху за време на посетата на Вашингтон, каде што се сретна со Трамп и американскиот државен секретар Марко Рубио, на „X“ објави дека потпишал документ за пристапување на Израел во Одборот, а визуелните снимки од состанокот го покажаа како држи документ со неговиот ...

Read More »

Израелската полиција го приведе шефот на кабинетот на Нетанјаху

Израелската полиција денеска соопшти дека привела висок функционер од кабинетот на премиерот Бенјамин Нетанјаху, поради сомнеж дека попречувал тек на истрага, пренесува „Тајмс оф Израел“. Според весникот, приведен е шефот на кабинетот на израелскиот премиер, Цахи Браверман, кој е одведен на распит поради наводен обид да ја попречи истрагата за оддавање доверливи разузнавачки информации на германскиот весник „Билд“. Истражителите на ...

Read More »

Албанија ќе биде опремена со напредно воено оружје и системи од Израел

Албанија ќе биде опремена со напредно воено оружје и системи од Израел. Веста ја објавија медиумите во Тел Авив, кои, повикувајќи се на документ потпишан меѓу двете земји, објавуваат дека израелската компанија „Елбит Системс“ ќе ја снабдува Албанија со напредни артилериски системи, како што се хаубици, минофрлачи и беспилотни летала. Не само тоа, туку како дел од овој договор, „Елбит“ ...

Read More »

Албанија формира парламентарна група за поддршка на Израел

Албанија формира парламентарна група за поддршка на Израел ќе работи заедно со меѓународната коалиција на произраелски парламентарни тела за зајакнување на таканаречената „дипломатија базирана на вера“ и подобрување на поддршката за Израел. „Копретседатели на групата ќе бидат Ромина Куко од Социјалистичката партија и Газменд Барди од Демократската партија, што претставува ретка меѓупартиска иницијатива и ја симболизира долгата традиција на албанска ...

Read More »

Славје на улиците во Газа и Израел по веста за примирјето

По две години страдање, разурнување и неизвесност, жителите на Газа и семејствата на израелските заложници ја дочекаа веста за договорот меѓу Израел и Хамас со солзи, прегратки и молитви. Палестинците и семејствата на израелските заложници излегоа на радосни прослави во четвртокот, откако беше објавено дека Израел и Хамас постигнале договор за крај на војната во Газа и за враќање на сите израелски ...

Read More »

Започнуваат преговори меѓу Израел и Хамас

Во Египет почнуваат разговорите за мировниот план за Газа. Очекувањата се високи. Израел се надева на брз договор, американскиот претседател Трамп смета на резултат оваа недела. Хамас останува воздржан. Утре се навршуваат две години од нападот на исламистичката група Хамас врз Израел. Денеска, претставници на двете страни треба да започнат индиректни разговори во Египет за прекин на огнот и ослободување на заложниците ...

Read More »

Израел изврши воздушен напад врз раководството на Хамас во Катар

Израел изврши воздушен напад врз лидери на Хамас во Катар, проширувајќи ги своите воени операции и на Заливот, каде палестинското движење со години ја има својата политичка база, објави Ројтерс. Катар, кој заедно со Египет посредува во преговорите за прекин на огнот во речиси двегодишната војна во Газа, го осуди нападот како „кукавички“ и го оцени како флагрантно кршење на ...

Read More »

Израел го разгледува одговорот на Хамас за примирје, во меѓувреме уште најмалку 40 убиени во Појасот Газа

Израел го разгледува одговорот на Хамас на предлогот за прекин на огнот во Појасот Газа, каде што продолжуваат израелските напади во кои, според палестински извори, денеска биле убиени најмалку 40 луѓе. Израелскиот весник „Хаарец“, повикувајќи се на официјални претставници, објави дека Хамас, во принцип, се согласил на примирје и им пренел „позитивен одговор“ на медијаторите. Деталите од одговорот сега се ...

Read More »

Израел и Иран официјално потврдија дека го прифатиле договорот за примирје предложен од Трамп

Израел и Иран денес официјално потврдија дека го прифатиле договорот за примирје предложен од американскиот претседател Доналд Трамп, со цел да се стави крај на 12-дневната израелско-иранска војна. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека неговата земја се согласила на прекин на огнот со Иран во координација со американскиот претседател Трамп. „Израел ќе одговори силно на секое кршење на прекинот на ...

Read More »

Израел го отвори воздушниот простор

Израел го отвори својот воздушен простор по повеќечасовното затворање поради американските напади врз нуклеарните постројки во Иран. Полетувањата и слетувањата на аеродромот „Бен Гурион“ во близина на Тел Авив беа повторно дозволени од 14 часот, објавија израелските медиуми, повикувајќи се на Министерството за транспорт. Најголемата израелска авиокомпанија „Ел Ал“, исто така, објави на својата веб-страница дека летовите до Израел ќе ...

Read More »