Tag Archives: Кандидатот за градоначалник на Скопје

Ѓорѓиевски: „Ајде заедно да го вратиме сјајот на нашето Скопје“

Кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, во својата завршна порака до граѓаните истакна дека неговата кампања не била политичка трка, туку искрен дијалог со скопјани. Тој нагласи дека изминативе недели посетил секое маало во градот, разговарајќи со илјадници граѓани, слушајќи ги нивните проблеми и надежи, и презентирајќи ја својата визија за иднината на Скопје. „Ви благодарам за секоја подадена ...

Read More »

Орце Ѓорѓиевски претстави еко-дигитална кампања за Скопје (ВИДЕО)

Кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, ја претстави својата визија за модерна, иновативна и еколошки одговорна кампања, во која технологијата и одржливоста одат рака под рака. Укажа дека во неговата кампањата се користат NFC дигитални картички, преку кои граѓаните со едноставно допирање на својот телефон може да ја видат целата програма на неговата веб страна www.orce.mk Покрај тоа, неговата ...

Read More »

Ѓорѓиевски: Скопје ќе добие две нови средни училишта и фотоволтаици на сите останати

Кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, ја претстави својата визија за модерно, дигитално и еколошки одржливо образование, најавувајќи изградба на две нови средни училишта и целосна енергетска трансформација на сите постојни училишта во главниот град. Според неговата програма, нови современи средни училишта ќе се изградат во Драчево — нов објект за СУГС „Браќа Миладиновци“, и во Ѓорче Петров — ...

Read More »

Смарт Скопје: Ѓорѓиевски најави целосна дигитална трансформација

Кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, го претстави планот за целосна дигитална трансформација на главниот град, преку 17 стратешки проекти што ќе го претворат Скопје во прв целосно дигитализиран, модерен и транспарентен град во државата. „Кога зборуваме за иднината на Скопје, зборуваме за град кој функционира паметно, брзо и чесно – град во кој системот, а не врските, ја ...

Read More »

Ѓорѓиевски се приклучи на маршот за подигање на свеста за ракот на дојка

Кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денес учествуваше на марш организиран од Унијата на жени од Скопје, посветен на подигање на свеста за ракот на дојка. Октомври, месецот на розовата лента, служи како потсетник за важноста на редовните прегледи и превенцијата, кои можат да спасат животи. Ѓорѓиевски истакна дека „розовиот октомври“ е симбол на борбата против најчестиот карцином кај ...

Read More »

Култура, спорт и социјални мерки планови за Шуто Оризари од кандидатот Ѓорѓиевски

Кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денес ја посети општината Шуто Оризари, каде што ги претстави клучните проекти што се дел од неговата визија за рамномерно и современо развиен главен град. Ѓорѓиевски најави изградба на нов Културен дом „Есма Реџепова“, кој ќе биде изграден на местото на старото матично. Новиот објект, како што посочи, ќе стане центар на културниот ...

Read More »

Ѓорѓиевски најавува мега парк кај Лепенец и серија инфраструктурни проекти во Карпош

Кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денес најави почеток на големи урбанистички и еколошки проекти во општина Карпош, вклучувајќи го изградбата на Мега парк – Лепенец. Според неговите најави, новиот парк ќе се протега по течението на реката Лепенец, на потегот меѓу Бардовци и Даме Груев, со вкупна површина од над 300.000 квадратни метри, и ќе биде првиот мегапарк ...

Read More »

Ѓорѓиевски најавува кружен тек и модерни улици за подобар сообраќај во Ѓорче Петров

Кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави низа капитални проекти кои ќе ја трансформираат инфраструктурата во општина Ѓорче Петров и ќе го подобрат квалитетот на животот на граѓаните. Главниот проект е изградбата на модерен кружен тек на крстосницата меѓу улицата „Ѓорче Петров“ и булеварот „Македонска војска“. Според Ѓорѓиевски, овој кружен тек ќе ја зголеми безбедноста, ќе го растовари сообраќајот ...

Read More »