Силен земјотрес со прелиминарна магнитуда од 7,1 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во Колумбија, соопштуваат европските сеизмолошки служби. Епицентарот на земјотресот бил на околу 29 километри северозападно од Картаго. Засега нема информации за евентуална материјална штета или повредени лица. Надлежните служби продолжуваат да ја следат состојбата на терен.
Read More »Tag Archives: колумбија
Укинати визите за Македонците за патување во Колумбија
Укинати се визите за македонските граѓани за Колумбија, соопшти денеска амбасадорот на Македонија во Бразил, Ивица Боцевски. Укинати се визите и за Колумбија, најбрзо растечката економија на континетот, втората најбројна држава од Јужна Америка и волшебната земја од романите на Габриел Гарсија Маркес, напиша Боцевски на својот Фејсбук профил. Следни за списокот за укинување визи за македонските граѓани се ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden