Tag Archives: КОВИД-19

Во Албанија полицискиот час продолжува

Комитетот на експерти за справување со пандемијата со ковид-19 и официјално потврди дека во Албанија циркулира британската мутација на коронавирусот. Добиените резултати од лабораторија во Анкара потврдуваат дека од 117 примероци во дури 70 е потврдена британската мутација. Поради наглиот раст на новозаразени постоеја сомнежи, но сега тоа и официјално е потврдено, наведува Комитетот. Според ова институција и покрај тоа ...

Read More »

Албанија: Продолжува полицискиот час, локалите ќе затвораат во 18 часот

Здравствен одбор на експерти најверојатно ќе воведе нови, построги мерки, заради зголемениот број на нови случаи на коронавирус и се поголемиот број на хоспитализирани пациенти заболени од ковид-19. Се претпоставува дека ќе биде продолжен полицискиот час од 18 часот до 06 часот наутро, како и дека ќе биде забранета работата на баровите и кафулињата во тој период, освен оние кои извршуваат ...

Read More »

Македонија: Пристигна втората пратка од 3.510 дози вакцини против Ковид-19 од Србија

На граничниот премин „Табановце“ попладнево пристигна и втората пратка со вакцини, односно, 3.510 дози вакцини против Ковид-19 од компанијата „Фајзер“ кои Србија ги подари на Македонија. Министерот за здравство на Србија, Златибор Лончар на денешната прес-конференција посочи дека му е драго што денеска го спроведуваат договорот кој бил направен помеѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и премиерот Зоран Заев. „Денеска стигна тоа што ...

Read More »

Директорoт на СЗО за Европа: Епидемијата ќе заврши на почетокот на 2022 година

Директорот на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа, Ханс Клуге, изјави дека епидемијата на Ковид-19 ќе заврши на почетокот на 2022 година. Во интервју за данската државна телевизија ДР, Клуге истакна дека и 2021 ќе биде година на Ковид-19, но година во која ќе биде многу полесно да се справуваме со епидемијата во споредба со 2020 година. Клуге верува дека ...

Read More »

Албанска академија на науки: Во Албанија околу 600.000 заразени со Ковид-19

Во последната студија на Албанската академија на науките, реалната бројка на заразени со Ковид-19 во земјата е околу 600 илјади лица. Податоците што резултираа со затворање на втората фаза од оваа студија, која беше завршена во декември минатата година, се со идентичен степен на веродостојност како и во сите случаи каде што е применет истиот метод на тестирање во европските ...

Read More »

Во Албанија 447 новозаразени со Ковид-19

По падот на бројот на новозаразени во изминатте два дена, во Албанија во последното деноноќие опасниот вирус е дијагностициран кај 447 лица. Според Министертвото за здравстсво и социјална заштита процентот на заразени е над 19 отсто од направените 2.309 тестови. Во изминатите 24 часа во списокот на оздравени внесени се 295 или 34.648 од вкупно заразените 59.438. Трендот на починати ...

Read More »

Во Албанија 499 новозаразени и 10 починати од Ковид-19

Во последното деноноќие во Албанија забележан е раст на новозаразени со Ковид-19, а починале 10 пациенти од 55 до 80-годишна возраст, меѓу нив и доктор невролог Сали Бачо. Од направените 2.165 тестови, опасниот вирус е дијагностициран кај 499 што е 23 отсто од тестираните. Во исто време во списокот на оздравени се внесени 384, додека починаа 10 пациенти. Моментно во ковид болниците ...

Read More »

Меркел е против затворање на границите на ЕУ поради Ковид-19

Германската канцеларка Ангела Меркел предупреди дека е против затворање на границите во рамките на земјите-членки на Европската Унија во услови на континуирано глобално ширење на Ковид-19, изјави Штефен Зиберт, портпарол на германската влада, пренесува ТАСС. „За Германија како земја во средна Европа е особено важно да има функционална економска циркулација“, рече Зиберт од ДПА по средбата на Самитот на лидерите ...

Read More »

Албанија ќе го ограничува работното време на угостителските објекти

Поради високите бројки на новозаразени во текот на овој месец,во просек 300 дневно или 22 отсто од тестираните албанскиот комитетот за заразни болести најави ограничување на работното време на угостителските објекти. -За последните две недели, инциденцата на случаи со Ковид-19 е 130 на 100.000 жители.Ја разгледуваме можноста за ограничување на работното време на угостителските објекти по 22:00 часот. На почеток ...

Read More »

Мета бара итни мерки за спречување катастрофа со Ковид -19

Претседателот Илир Мета, во писмото до премиерот Еди Рама, министерката за здравство Огерта Манастирлиу и првиот параментарец Грамоз Ручи оценува дека „ситуацијата оди кон катастрофа која треба навремено да се спречи“. Со влошувањето на така тешката политичка и институционална криза, особено по бруталното и еднострано кршење на Договорот за изборниот законик од 5 јуни, постигнат со консензус, се очекува состојба ...

Read More »