Tag Archives: Македонска поетика и стилистика

„Македонска поетика и стилистика“ и на Универзитетот во Љубљана

Ден по чествувањето 106 години од формирањето на Универзитетот во Љубљана и 225 години од раѓањето на Франце Прешерн, на љубљанскиот Филозофски факултет, вчера беше промовирана колективната монографија „Македонска поетика и стилистика“ подготвена од македонски тим истражувачи. Претходно, ова капитално дело беше промовирано и на Универзитетот во Загреб, откако претходно се одржаа промоции и на универзитетите во Мадрид, Париз, Задар, Бања ...

Read More »

Колективната монографија „Македонска поетика и стилистика“ на Меѓународниот славистички конгрес во Париз

Меѓу најзначајните изданија од областа на славистиката, на Меѓународниот славистички конгрес што се одржува на Универзитетот во Сорбона, во Париз, Франција е и колективната монографија „Македонска поетика и стилистика“ – првата национална монографија посветена на поетиката и стилистиката во јужнословенските земји, во издание на Комисијата за стилистика на Меѓународниот славистички комитет и Институтот за славистика на Универзитетот „Карл Франц“ во Грац, Австрија. ...

Read More »

Историски момент за македонистиката: На УКИМ е промовирана „Македонска поетика и стилистика“ – прва национална монографија за поетиката и стилистиката во јужнословенските земји

Овој настан е повеќе од обична промоција. Тој е празник на македонската книжевност, на македонската филологија, на истрајната посветеност и соработка меѓу институциите, научните заедници и поединците што стојат зад ова издание. Не само јас како ректор, туку и севкупната наша академска заедница, и сите, како општество и држава треба да упатиме честитки до редакторите и до авторскиот тим на ...

Read More »