Tag Archives: Македонската алијанса за европска интеграција

Честитка од МАЕИ по повод 8 Декември – Денот на Свети Климент Охридски

Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ) им го честита најголемиот духовен празник на македонскиот народ, 8 Декември, Денот на Свети Климент Охридски, првиот словенски просветител и светилник на словенската писменост. Свети Климент Охридски остави зад себе дело што го искова идентитетот и духовниот темел на македонскиот народ. Како бескомпромисен чувар на словенската писменост, основоположник на прочуената Охридска школа и наставник ...

Read More »

МНР се извини за етикетирањето на македонската заедница како „северномакедонска“

Македонската алијанса за европска интеграција реагираше на етикетирањето на македонската заедница во Албанија како „северномакедонска“ од страна на албанската амбасадорка во Софија во интервју за бугарски медиум.  По овој случај, МАЕИ упати писмена реакција до повеќе институции, меѓу кои Министерството за Европа и надворешни работи на Албанија, Народниот правобранител, Комесарот за заштита од дискриминација, Делегацијата на ЕУ во Тирана, Канцеларијата ...

Read More »

Претседателката Сиљановска Давкова прими претставници на Македонската алијанса за европска интеграција

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова прими делегација предводена од Васил Стерјовски, претседател на Македонската алијанса за европска интеграција од Република Албанија. На средбата претседателката Сиљановска Давкова беше информирана за севкупните активности на партијата, насочени кон афирмација и унапредување на положбата на македонското национално малцинство во Република Албанија. На средбата беа разменети мислења и за последниот спроведен попис во Албанија и ставот ...

Read More »