Tag Archives: македонски

„Google Translate“ веќе може да преведува офлајн на 59 јазици, вклучително и на македонски

Google Translate е една од најдобрите услуги за преведување и е особено корисна кога патувате во странство. Компанијата, исто така, нуди офлајн режим, кога немате пристап до Интернет. Се разбира, преводот не е прецизен како при он-лајн користењето на алгоритми, но се доволно добри да го разберат значењето на зборовите и речениците. „Google“ користи невронски мрежи и постојано ја подобрува ...

Read More »

Владика на Европската епархија Пимен: МПЦ нема да го прифати новото име, какво и да е

Македонската православна црква нема да го прифати новото име за Македонија, како и да е предлогот што ќе го договорат македонската и грчката страна, категорично потврди Владиката Пимен за време на одбележувањето на 1.000-годишнината од Охридската Архиепископија. Членот на Синодот на МПЦ и владика на Европската епархија, владиката Пимен, денеска изјави дека црквата не сака да го менува називот затоа ...

Read More »

Меѓународен ден на мајчиниот јазик

  Во светот денеска се одбележува Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, кој УНЕСКО го прогласи на 30-тата сесија на Генералната конференција во 1999 година. Во 2000 година 21 февруари е промовиран како Ден на лингвистичка и културна разновидност и мултилингвизам. Во светот денес се зборуваат околу шест илјади јазици, а на половина им се заканува исчезнување во многу делови на светот. Околу ...

Read More »

200 македонски интелектуалци бараат прекин на преговорите за промена на името

  Oколу 200 македонски интелектуалци упатија драматичен апел до политичките лидери за иднината на македонската нација. Експерти од различни области од Македонија и во светот објавуваат отворено писмо во кое од политчките лидери се бара да ја употребат мислата на големиот Крсте Петков Мисирков, кога одлучуваат за преговорите за името и за опасноста Македонија да го загуби својот идентитет. Во прилог ...

Read More »

Песни од најновата збирка поезија „Никулци во утрините“ на Петко Шипинкароски објавени во Албанија

  Неодамна излезе од печат најнова збирка поезија „Никулци во утрините“,на поетот и раскажувач Петко Шипинкароски. Стиховите на Шипинкароски, наидоа на одјек не само кај нас, туку и во соседството и пошироко. Мегу другите, избор на песни, од најновата збирка „Никулци во утрините“, објавен е во тиражниот неделникот „Национал“ број 429 од 19-27 ноември 2017, што излегува во печатено и ...

Read More »

Бесплатен Македонско-албански и Албанско-македонски речник

Двонасочниот Македонско-албански и Албанско-македонски Речник се подготви од Нансен Дијалог Центар – Скопје, Република Македонија и Канцеларијата на високиот комесар за национални малцинства при ОБСЕ. Овој Речник, кој содржи избран број лексеми, е грижливо направен првично да им послужи на најмладите. Но, сепак, Речникот е изготвен со цел да го олесни стекнувањето на македонскиот или албанскиот за поширок број корисници. ...

Read More »

Интервју за Сител: Претседателот на македонското друштво “Илинден”-Тирана

Албанскиот парламент со  102 гласа “за” и 10 “против” го усвои законот за заштита на малцинствата . Во законот, во последен момент, е ставено и бугарското малцинство. До ваквиот пресврт дојде откако Софија ја уцени Тирана дека ке го блокира процесот на започнување прегворите за членство во Европската Унија. Од партијата на македонците во Албанија, но и од македонските друштва ...

Read More »

Грчкиот весник демократиа: САД игра во полза на Македонија

САД преку Хојт брајан Ји игра игра во полза на Македонија , пишува грчкиот весник Димократиа во анализа по посетата на високиот американски дипломат на Атина. Од весникот тврдат дека откриле и дека од Скопје се испратени документи до НАТО и Европската Унија преку кои се бара Македонија да се приклучи на Алијансата, без да го спомене името. „Тие сакаат ...

Read More »

Паралелка на македонски јазик ќе се отвори во Италија

Во регионот Тревизо, во Конелијано наскоро ќе се отвори паралелка за изучување на македонскиот јазик за децата на Македонците кои живеат и работат во тој дел на Италија. На иницијатива на македонското здружение „Аминта“, наскоро се очекува да почне со работа една паралелка со најмалку 20 деца кои ќе го учат македонскиот литературен јазик. „Сакаме нашите деца да знаат да ...

Read More »