Tag Archives: Нато

Рама по средбата со Руте: НАТО ќе се ангажира во изградбата на воен терминал во Драч

Во рамките на овој самит, Рама и албанската делегација, во која се и министерот за Европа и надворешни работи, Игли Хасани, министерот за одбрана Пиро Венгу, началникот на Генералштабот на вооружените сили Арбен Кинѓи, остварија средба со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте. Рама, преку објава на Фејсбук информираше дека тема на разговорите, меѓу другото, била и големата инвестиција во новото пристаниште Драч, ...

Read More »

На самитот во Хаг ќе се потврди: Албанија домаќин на НАТО самитот во 2027 година

На претстојниот самит на НАТО во Хаг, Холандија, кој ќе се одржи следната недела, се очекува официјално да се потврди дека Албанија ќе биде домаќин на самитот на Алијансата во 2027 година. Оваа информација ја пренесуваат албанските медиуми, повикувајќи се на нацрт-декларацијата што ќе биде објавена на собирот. Според нацрт-документот, по самитот во 2026 година што ќе се одржи во ...

Read More »

Столтенберг денеска му ја предава функцијата генерален секретар на НАТО на Руте

Еден од најдолгите генерални секретари на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска ќе му ги предаде должностите на поранешниот холандски премиер Марк Руте, во време кога алијансата се соочува со некои од најголемите предизвици во својата историја. Столтенберг, 13-тиот генерален секретар на НАТО, ја презеде функцијата во 2014 година, а должината на неговиот мандат ја надмина само холандскиот дипломат Џозеф Лунс, кој ...

Read More »

Самитот на НАТО во 2027 година ќе биде одржан во Тирана

Премиерот на Албанија Еди Рама најави дека самитот на НАТО во 2027 година ќе биде одржан во Тирана и додаде дека тоа пред многу години не можело ни да се замисли. Рама за време на говорот на Конференцијата на амбасадорите во Тирана најави и дека Албанија следната година ќе пречека 44 лидери на европските земји. „Албанија следната година ќе биде ...

Read More »

Македонија на 11 место во НАТО според процентот од БДП наменет за одбраната

Македонија во државниот Буџет за 2024 година за потребите на одбраната има предвидено 263 милиони долари, што претставува 2,22 отсто од БДП на земјата, се посочува во најновиот извештај на НАТО за одбранбените трошоци на земјите членки. Согласно дефинициите на НАТО, како трошоци за одбраната се сметаат исплатите направени од страна на националните влади за потребите на своите вооружени сили, ...

Read More »

Сикорски: Во Украина веќе се присутни трупи на некои земји-членки на НАТО

Шефот на полската дипломатија, Радослав Сикорски, денеска откри дека трупите на одредени земји-членки на НАТО веќе се на терен во Украина. Шефот на полската дипломатија Радослав Сикорски денеска изјави дека НАТО трупите се присутни во Украина. Војници од земји-членки на НАТО веќе се во Украина. Сакам да им се заблагодарам на земјите кои преземаат таков ризик. Ќе се препознаат, изјави ...

Read More »

Шведска стана 32 членка на НАТО

Денес, Шведска официјално се приклучи на НАТО како 32-та членка на трансатлантската воена алијанса, ставајќи крај на децениската неутралност по Втората светска војна. Шведскиот премиер Улф Кристерсон и американскиот државен секретар Ентони Блинкен претседаваа со церемонијата. Блинкен рече дека влезот во НАТО е „историски момент“ за Шведска. „Ова е историски момент за алијансата. Ова е историја за трансатлантските односи. Нашиот ...

Read More »

Беспилотните летала „Бајрактар“ првиот лет на свеченото отворање на базата во Кучова

Трите вооружени беспилотни летала „Бајрактар“, „ТБ2“ купени во Турција денеска го извршија својот прв лет на отворањето на воздухопловната база во Кучова „Добро утро и со неколку моменти од склопувањето на беспилотните летала Бајрактар, кои ќе го направат својот прв лет на свеченото отворање на новата воздухопловна база на НАТО денеска во Кучова, ви посакувам добра недела“, пишува Рама.

Read More »

Финишира процесот за целосна воена интеграција на Македонија во НАТО

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска и заменикот на началникот на Генералштабот, генерал-мајор Азим Нуредин во Министерството за одбрана, ќе одржат средба со новинари за целосното воено интегрирање на Македонија во НАТО, процес кој ќе заврши со претстојното потпишување на Заедничката декларација за интеграција на Македонија во Алијансата, следната недела. Процесот на воена интеграција на Македонија во НАТО почна по потпишувањето ...

Read More »

Првиот македонски контингент мировници во КФОР замина кон Косово

Првиот македонски контингент со 44 припадници на Армијата денеска од касарната „Кузман Јосифовски – Питу“ во Тетово, заминаа кон Косово. Тие шест месеци ќе работат како штабни офицери во главната команда на КФОР во Приштина и ќе ја обезбедуваат регионалната команда на КФОР Запад, информира Министерството за одбрана. Со учеството во мисијата КФОР на Косово, додаваат, дека Македонија го зазема ...

Read More »