Tag Archives: православие

Почнува Богородичниот пост

За православните христијански верници денеска почнува двонеделниот Богородичен пост, кој е посветен на Успението на Пресвета Богородица. Овој пост е востановен во молитвено сеќавање на Пресвета Богородица, а со цел во периодот на неговото времетраење уште поинтензивно да се изискува молитвеното застапништво од Пресветата Богомајка. По својата временска должина тоа е најкраткиот од четирите годишни пости и трае 15 дена, ...

Read More »

Свети апостоли Петар и Павле

По примањето на Светиот Дух апостолите се растуриле по светот за да ја проповедаат светата Христова вера. На тој план меѓу нив најповеќе се истакнале светите апостоли Петар и Павле. На иконата светите апостоли Петар и Павле се претставени заедно, Петар со клучеви од рајот, а Павле со меч, симбол на сопствената смрт. Според некои народни верувања Петар и Павле ...

Read More »

Честитка од Македонско друштво „Илинден“-Tирана по повод Св.Наум Охридски 

Почитувани Македонци и Македонки во Албанија и насекаде во светот, македонско друштво „Илинден“-Тирана упатуваме искрени честитки по повод Св. Наум Охридски, да го почитуваме и славиме овој голем ден – стои во честитката потпишана од претседателот на друштвото Никола Ѓурѓај.

Read More »

Чудата на Св. Наум Охридски – Исцелител и просветител на македонскиот народ

Ако свети Климент Охридски остана во споменот на народот со својата просветителска дејност, со подучување на народот не само на пишување и читање, туку и на други корисни работи, свети Наум остана запаметен како чудотворец, со моќта да лекува и за време на животот и по смртта, да лекува од најразлични болести и луѓе од разни вероисповести, односно сите што ...

Read More »

Жителите ја чувале локацијата на црквите изградени раните години на 20. Век во село Раштан и повикуват на помош да се изгради параклис (ФОТО)

Во селото Раштан, Прењас, попот Хелидон Демири од Елбасанската митрополија на Албанска Православна Црква и заинтересирани месни жители, неодамна ја посетиле локацијата, темелите и подовите со камени плочки на двете цркви на Света Марија. Жителите фанатично ја чувале локацијата на црквите, кои се наоѓаат во шума со недопрен даб, а во близина има извор на вода, која жителите ја сметаат ...

Read More »

Македонија: Традиционално се одржи струшка литија (Еордија)

Откако со својата благодатна посета го благослови и исполни со радост нашето монашко семејство, кое се собра во Рајчичката Обител да го прослави неговиот свет спомен, Св. Георгиј Победоносецот и годинава не ја лиши од својот благослов убавата Струга, осенувајќи ги древните струшки улици преку традиционалната Еордија – Литија со своите свети мошти и чудотворниот образ, како и со двостраната ...

Read More »

Послание на Митрополитот Агатангел за пандемијата

† А Г А Т А Н Г Е Л ПО МИЛОСТА БОЖЈА МИТРОПОЛИТ ПОВАРДАРСКИ, НА СВЕШТЕНОСЛУЖИТЕЛИТЕ, МОНАШТВОТО И ВЕРНИТЕ ЧЕДА НА ПОВАРДАРСКАТА ЕПАРХИЈА, ПО ПОВОД НОВОНАСТАНАТАТА СОСТОЈБА СО ПАНДЕМИЈАТА, ИМ ИСПРАЌА АРХИПАСТИРСКИ БЛАГОСЛОВ И МИР ОД БОГА Возљубени мои духовни чеда, од богомдаруваната ми Повардарска епархија, поради здравствени причини телесно сум отсутен од храмовите, но со срцето и мислите ...

Read More »

Манастирите Бигорски и Рачјица во изолација молитвите и литургиите непрестајно се одвиваат

Возљубени верници, поклоници и пријатели, Согласно новонастанатата состојба со ширењето на Covid-19 (корона вирус) во Македонија и препораките на Светската здравствена организација, на Вселенската Патријаршија и на Светиот Синод на МПЦ – Охридска Архиепископија, како и во согласност со најновите профилактички мерки на надлежните државни институции кај нас, со цел подобро справување и целосно спречување на ширењето на вирусот, ве ...

Read More »

Почнува Велигденскиот пост

Велигденски пост – затоа што завршува на Велигден и значи подготовка за Празникот. Воскресенски пост – заради празникот на Христовото воскресение. Пасхален пост – бидејќи е пост пред Пасха, како што се нарекува Велигден – Новата Пасха или Новозаветна Пасха. Велики пост – заради големото значење на постот и на празникот Велигден. Четириесетница  – Велика или Света Четириесетница – затоа ...

Read More »

Православните верници го слават големиот христијански празник Прочка: „Прости, и нека ти биде простено“

Денеска е Прочка. Овој ден претставува голем празник за македонскиот народ и со него се поврзани голем број обичаи и верувања. Прочка е ден во православното христијанство на меѓусебно простување помеѓу верниците пред почетокот на Велигденскиот пост. Датата на Прочка се менува во зависност од датата на Велигден, и секогаш е точно на 7 недели пред Велигден. Од верски аспект, ...

Read More »