Tag Archives: Пресвета Богородица

Православните христијани денеска го слават Успение на Пресвета Богородица

Православната црква денеска го празнува земниот крај на Пресвета Богородица и нејзината смрт ја нарекува „Успение“ – раскошен термин кој во себе ги соединува сонот, блаженството, мирот, спокојството и радоста. Самиот лик на Богомајката објавува бескрајно спасение, сострадалност, грижа и доверба, сила и смирение, чистота и убавина, љубов и победа на љубовта. Небозрачната светлина со која сјае нејзиниот лик го ...

Read More »

Пресвета Богородица во чест на нејзината икона „Достојно ест“ во Свети Јован Крстител – Бигорскиот манастир

Свештената бигорска Обител традиционално и годинава го одбележа празникот на Пресвета Богородица во чест на нејзината икона „Достојно ест“, која во овој божји храм пристигна кусо по пожарот на 30 септември 2009 година, кога пламените јазици целосно го пеплосаа Горни Палат. Бигорскиот собир се закити со копијата од оваа прекрасна икона уште во 2009 година, како една слатка утеха после ...

Read More »

Денеска е Раѓање на Пресвета Богородица: Празник на мајката на сите мајки – Мала Богородица

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е раѓање на Пресвета Богородица. Црквата го востановила овој празник поради посебното значење што го има Пресвета Богородица, па во врска со тоа и нејзиното раѓање во Божјата економија на спасението. Онаа што подоцна ќе го роди Бога се роди од благочестивите родители Јоаким и Ана. Јоаким потекнуваше од еврејскиот царски род, а ...

Read More »

Пресвета Богородица – пример за христијански добродетели

  Заштитничка и покров на хрисгијанскиот род Како Мајка на Синот Божји, таа има најголема слобода и моќ пред престолот Божји, и нејзе Црквата, по Бога, најмногу ја почитува и прославува во своите безброј молитви и химни, како најсилна заштитничка и покровителка на родот христијански. Од историјата на Црквата и искуството на многу светители знаеме дека, таа со своите мајчински ...

Read More »