Tag Archives: Сад

САД ја повикаа ЕУ да почне преговори и со Албанија и Македонија

САД ја повикаа Европската унија да одреди датум за почеток на преговори и за Албанија и Македонија, без да ги одвојуваат. „И Албанија и Македoнија донесоа тешки, суштински реформи. И двете заслужуваат да напредуваат на нивниот пристапен пат кон ЕУ“, изјавиле од Стејт департментот за Гласот на Америка, одговарајќи на прашањето дали САД поддржуваат одвојување на Албанија и Македонија на ...

Read More »

Врачување на првите 80 мобилно издадени патни исправи во Генералниот конзулат во Њу Џерси, САД

Во Генералниот конзулат во Њу Џерси, САД ќе бидат врачени првите 80 мобилно издадени патни исправи, со што се одбележува ефикасниот почеток на новата постапка за издавање на пасоши и за нашите државјани кои живеат во Америка. Над 130 наши државјани сликани во Конзулатот овој месец, по воспоставувањето на базната станица, ги споделуваат своите искуства, препорачувајќи им на сите сограѓани, ...

Read More »

Воени лидери на Русија и САД се сретнаа во Финска

Разговорите меѓу началникот на Генералштабот на руската армија Валериј Герасимов и неговиот американски колега Марк Мили биле конструктивни, објави руското Министерство за одбрана, објави новинската агенција Интерфакс. Двајцата разговарале и за други прашања од заеднички интерес, иако не биле откриени детали. Русија ги смета САД за делумно одговорни за ситуацијата во Авганистан по хаотичното повлекување и преземањето на талибанците минатиот ...

Read More »

20 години од нападот на Кулите Близначки во Њујорк

Пред 20 години на денешен ден исламски терористи во САД киднапираа четири патнички авиони и изведоа најголеми терористички напади во историјата. Двете кули на Светскиот трговски центар во Њујорк потполно беа урнати кога во нив удрија два авиони. Третиот авион со едното крило допре до зградата на Пентагон во Вашингтон, а четвртиот, после борбата меѓу патниците и киднаперите, се урна ...

Read More »

САД воведоа санкции за четворица ирански разузнавачи

Соединетите Американски Држави воведоа санкции против четворица ирански разузнавачи, кои се обиделе да киднапираат американски новинар, како дел од поширокиот обид да ги замолчат критичарите на владата во Техеран. Иран го негира тоа. Американското Министерството за финансии на 3 септември објави дека санкциите се насочени кон иранскиот разузнавач на висока позиција Алиреза Шахвароги Фарахани и неговите подредени, Махмуд Казеин, Кија ...

Read More »

Сали Бериша поднесе тужба против Ентони Блинкен

Поранешниот албански премиер Сали Бериша, кој претходно се наоѓаше на „црната листа“ на САД, поднесе тужба до парискиот суд против американскиот државен секретар Ентони Блинкен. Блинкен на почетокот на оваа година објави дека САД им забраниле на Бериша и неговото семејство влез во таа земја, наведувајќи го фактот дека САД официјално ги сметаат поранешниот албански премиер и неговото семејство за ...

Read More »

Пукање пред Пентагон, повредени се неколку лица

Најмалку три лица се повредени, меѓу кои и полицаец, при пукање пред Пентагон, јавуваат американските медиуми. Зградата на Пентагон денеска беше блокирана, а на ниту еден од вработените не им било дозволено да излезат, откако се случило пукање на блиската автобуска станица, објави Агенцијата за воена заштита на Твитер. Пукањето се случило пред зградата, на градска автобуска станица, која е ...

Read More »

САД воведе санкции за бугарските функционери кои земаа пари за издавање пасоши

  Канцеларијата за контрола на странски фондови на Министерството за финансии на САД (ОФАЦ) денеска воведе санкции за уште тројца Бугари за нивната значајна улога во корупцијата во Бугарија, како и за техничките мрежи поврзани со нив, што опфаќаат 64 организации. На списокот на санкционираните се наоѓаат бизнисменот и олигарх Васил Божков, поранешниот член на бугарскиот парламент Делјан Пееврски, како ...

Read More »

Македонскиот јазик и Македонците признати и заведени во САД уште во 1899 година (ВИДЕО)

Соединетите американски држави уште во 1899 година го заведувале македонскиот јазик како мајчин јазик односно како јазик на кој говорат луѓето кои се пријавувале како Македонци и дека се од Македонија на пописите од почетокот на минатиот век. Ова како потврда се наоѓа во упатствата за попишувачите на американските пописи во 1911,1920 и 1930 година, каде македонскиот јазик е ставен ...

Read More »

САД против прекројување на границите на Балканот

Американскиот Стејт департмент оцени дека постои опасност „неоснованите шпекулации за промена на границите на Западен Балкан по етничка линија да поттикнат нестабилност во регионот“ и со тоа „да се повикаат сеќавања на затегнатоста во минатото“. Неофицијален дипломатски документ, т.н. „нон-пејпер“, веќе некое време кружи меѓу европските функционери, со кој се предлага поделба на Босна и Херцеговина и обединување на Косово ...

Read More »