Tag Archives: Советот на Европа

Советот на Европа ја повика Словенија да го признае хрватскиот како малцински јазик во земјата

Словенија се уште не го признава хрватскиот јазик како малцински јазик, предупреди комитетот на експерти на Советот на Европа во извештај објавен денеска, и предложи, заедно со германскиот и српскиот, да биде признат како јазик на национално малцинство што традиционално се зборува во државата. Комитетот на експерти за Европската повелба за регионални или малцински јазици на Советот на Европа, исто ...

Read More »

Нов извештај во Стразбур за неспроведувањето на пресудите од Европскиот суд за човекови права во Бугарија

Известувачот на Парламентарното собрание на Советот на Европа за спроведувањето на пресудите од Европскиот суд за човекови права, кипарскиот пратеник Констатинос Ефстатиу, во најновиот извештај за кој ќе расправа паневропската асамблеја на својата пролетна сесија во Стразбур денеска (10 април), уште еднаш го истакна случајот, поточно серијата пресуди на ЕСЧП на Македонците од Бугарија за нивните неуспешни обиди да регистрираат ...

Read More »

Советот на Европа врши притисок во насока на спроведување на пресудите на Европскиот суд за човекови права за правата на Македонците во Бугарија и во Грција

Советот на Европа врши притисок во насока на спроведување на пресудите на Европскиот суд за човекови права за правата на Македонците во Бугарија и во Грција Деновиве Комитетот на министрите на Советот на Европа, извршниот орган на организацијата, на ниво на делегати расправаше за спроведувањето на пресудите на ЕСЧП, меѓу нив и за пресудата „Дом на македонската цивилизација“ и другите ...

Read More »

Советот на Европа го потврдува Мицкоски, Бугарија не ги почитува малцинските права

Политичката нестабилност во Бугарија има директни негативни последици врз имплементацијата на правата на малцинствата во земјата. И покрај одредени чекори коишто ги презема земјата, не може да се забележи значителен напредок во спроведувањето на препораките за да се обезбеди ефективен пристап до правата на малцинствата содржани во Рамковна конвенција, се наведува во најновиот извештај на Советодавниот комитет на Советот на Европа во однос на ...

Read More »

Советот на Европа: Јазици за мир, Европскиот ден на јазиците 2024 година ја нагласува лингвистичката и културната разновидност на Европа

Секоја година од 2001 година, Европскиот ден на јазиците, кој се одбележува на 26 септември, го слави богатството на јазиците кои коегзистираат во Европа и пошироко. Над 225 јазици се мајчин само во Европа, не вклучувајќи ги јазиците кои пристигнале на континентот преку миграција. Мотото на овогодинешниот ден е „Јазици за мир“. „Јазичната разновидност, од која потекнува извонредна културна разновидност, ...

Read More »

Телата за еднаквост, јавните власти и граѓанските организации во Албанија ги здружуваат силите во борбата против дискриминацијата и омразата

Партнерите и корисниците на проектот Зајакнување на заштитата од дискриминација во Албанија го ценеа придонесот на оваа иницијатива за соработка на Европската Унија и Советот на Европа, која има за цел да ги унапреди ефектите од реформите на полето на антидискриминација и борба против говорот на омраза во Албанија. За време на состанокот на Управниот комитет, претставници од телата за ...

Read More »

Собранието на Советот на Европа го поддржа членството на Косово

За прием на Косово во Советот на Европа гласаа 131 од 171 присутен член, 29 беа против, а 11 беа воздржани. На расправата имаше жестока дебата, за и против членството на Косово, кое својата кандидатура ја поднесе пред две години. Сега процесот се сели во Комитетот на министри за надворешни работи на Советот на Европа, кој се очекува конечната одлука ...

Read More »

Теодорос Русопулос избран за претседател на Парламентарното собрание на Советот на Европа

Гркот Теодорос Русопулос (ЕПП/ДЦ) е избран за претседател на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ).Преземајќи ја функцијата од Тајни Кокс (Холандија, УЕЛ), тој е 35-ти претседател на ПССЕ од 1949 година и првиот грчки државјанин на оваа функција, соопшти ПССЕ. Претседателот има мандат од една година, кој може да се обнови еднаш. Во својот воведен говор, новоизбраниот претседател на ...

Read More »

Николоски во Советот на Европа ќе зборува за одбивањето на Бугарија да ги спроведе пресудите на Европскиот суд

„На пат кон Стразбур каде учествувам на пролетната сесија на ПС на Совет на Европа, ќе зборувам за одбивањето на Бугарија да ги спроведе пресудите на Европскиот суд за човекови права кои се однесуваат на Македонците, исто така и за Европската конвенција за човекови права, а денес ќе поставам прашање до Европскиот комесар за човекови права што прави за Македонците ...

Read More »