Tag Archives: Советот на Европа

Собранието на Советот на Европа го поддржа членството на Косово

За прием на Косово во Советот на Европа гласаа 131 од 171 присутен член, 29 беа против, а 11 беа воздржани. На расправата имаше жестока дебата, за и против членството на Косово, кое својата кандидатура ја поднесе пред две години. Сега процесот се сели во Комитетот на министри за надворешни работи на Советот на Европа, кој се очекува конечната одлука ...

Read More »

Теодорос Русопулос избран за претседател на Парламентарното собрание на Советот на Европа

Гркот Теодорос Русопулос (ЕПП/ДЦ) е избран за претседател на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ).Преземајќи ја функцијата од Тајни Кокс (Холандија, УЕЛ), тој е 35-ти претседател на ПССЕ од 1949 година и првиот грчки државјанин на оваа функција, соопшти ПССЕ. Претседателот има мандат од една година, кој може да се обнови еднаш. Во својот воведен говор, новоизбраниот претседател на ...

Read More »

Николоски во Советот на Европа ќе зборува за одбивањето на Бугарија да ги спроведе пресудите на Европскиот суд

„На пат кон Стразбур каде учествувам на пролетната сесија на ПС на Совет на Европа, ќе зборувам за одбивањето на Бугарија да ги спроведе пресудите на Европскиот суд за човекови права кои се однесуваат на Македонците, исто така и за Европската конвенција за човекови права, а денес ќе поставам прашање до Европскиот комесар за човекови права што прави за Македонците ...

Read More »

Советот на Европа се надева дека новата бугарска влада ќе ги спроведе пресудите за македонските здруженија

По неделните парламентарни избори во Бугарија од Советот на Европа изразуваат надеж дека новата влада конечно ќе ги спроведе пресудите на Европскиот суд за човекови права во врска со регистрацијата на македонските здруженија во оваа земја. „Комитетот на министри забележува дека повеќе од 16 години по првата конечна пресуда во случајот ОМО “Илинден”-Пирин и други групи против Бугарија за здруженија чија цел ...

Read More »

Николоски избран за известител за Босна и Херцеговина од Советот на Европа, прв пат Македонец ќе оценува напредок на друга држав

Мониторинг комитетот на парламентарното собрание на Советот на Европа ме избра за известител за Босна и Херцеговина.Тоа значи дека во следниот период ќе го следам прогресот на Босна и Херцеговина во делот на исполнување на обврските кои што оваа држава ги има преземано кон Советот на Европа, пред се во делот на почитувањето на основните човекови права, владеењето на правото, ...

Read More »

Комитет на министри на Советот на Европа: Бугарија да дозволи отворање здруженија на македонското малцинство

Бугарија повеќе да не го одбива регистрирањето на здруженија кои имаат за цел „признавање на македонско малцинство во Бугарија“, врз основа на мотиви кои се во спротивност со пресудите на Европскиот суд за човекови права, побара извршниот орган на најстарата паневропска организација на 451. состанок на Комитетот на министри на Совет на Европа, јави дописникот на МИА од Стразбур. Неизвршената ...

Read More »

Советот на Европа усвои резолуција за поддршка на европската перспектива на Западен Балкан

Парламентарното собрание на Советот на Европа денеска усвои резолуција за поддршка на европската перспектива на Западен Балкан, повикувајќи на нов поттик во процесот на проширување на ЕУ и барајќи од Западен Балкан веднаш да се справи со клучните предизвици со кои се соочува. На пленарната седница во Стразбур, како што пренесува МИА, за усвојување на резолуцијата гласаа 134 пратеници, тројца ...

Read More »

Русија го напушта Советот на Европа

Русија повеќе нема да учествува во Советот на Европа, соопшти руското Министерство за надворешни работи, цитирано од новинската агенција ТАСС. Во соопштението на Министерството се наведува дека земјите од НАТО и Европската унија го поткопуваат европското тело дизајнирано да ги поддржува човековите права, владеењето на правото и демократијата. Советот на Европа на 25 февруари одлучи да го суспендира учеството на ...

Read More »

Или промена на Уставот и признавање на Mакедонците или надвор од Советот на Европа за Бугарија

За време на својот последен состанок посветен на човековите права од 7 до 9 јуни оваа година, вршејќи ја својата супервизорска функција над извршувањето на пресудите на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП), која ја сочинуваат групата пресуди насловени „Обединетата македонска организација Илинден (ОМО Илинден) и други против Бугарија“, Комитетот на министри на Советот на Европа донесе одлука со која ...

Read More »

Советот на Европа со упатства до владите за почитување на човековите права околу имунизацијата

Генералниот секретар на Советот на Европа, Марија Пејчиновиќ Буриќ, во документ објавен денеска, ги потсетува европските влади на релевантните стандарди за човекови права при разгледување на прашањето за „ковид-сертификатите“. Овој документ беше испратен во 47 земји-членки на Советот на Европа, јави дописникот на МИА. Документот ја подвлекува важноста на удвојувањето на напорите за производство и администрација на вакцини, на правичен ...

Read More »