Tag Archives: Стефан Марковски

Светлината во нашите вени – нова поетска книга од Стефан Марковски

Во издание на Современост – Скопје, деновиве беше објавена „Светлината во нашите вени“, нова поетска збирка на Стефан Марковски. Стихозбирката на 100 страници содржи вкупно 39 песни распоредени во шест циклуси: Светлината во нашите вени, Пријател со времето, Пребирливоста на стихот, Машински метаморфози, Политикологија на дишењето и Бакнежност. За збирката, македонскиот поет и книжевен критичар Санде Стојчевски, меѓу другото, подвлекува: „…Именките се преобразуваат во глаголи и преземаат трескавично дејство ...

Read More »

Објавен романот „Анатомија на бумбарот“ од Стефан Марковски

Романот „Анатомија на бумбарот“, веќе објавен на англиски јазик и достапен во електронска и печатена верзија на платформата „Амазон“ каде годинава беше и прворангиран во категоријата Источноевропска литература за Киндл, е мешавина од гротеска, хумор и егзистенцијалистичко преиспитување зачинета со возбудливи трилер елементи. Во наративот, како што во поговорот пишува Александар Прокопиев, прогресира една примамлива, куриозитетна, откачена, убаво и сочно ...

Read More »

Стефан Марковски со збирката раскази „Фауст го трча плебејскиот круг“ победник на конкурсот „Книжевен круг за проза“

Со одлука на стручна комисија, Друштвото на писатели Битолски книжевен круг ги објави наградените ракописи за 2020 година, при што наградата Книжевен круг за проза припадна на ракописот „Фауст го трча плебејскиот круг“ од писателот Стефан Марковски. За збирката раскази на Марковски во освртот кон книгата, претседателката на Битолскиот книжевен круг, Елизабета Јончиќ подвлекува: „Ова дело е карактеристично по структурната ...

Read More »

Романот „Еретички писма“ на Стефан Марковски објавен на англиски јазик

Романот „Еретички писма или наоѓајќи ги небата што сјаат црвено“ од Стефан Марковски деновиве беше објавен на повеќе платформи за книги на англиски јазик. Романот е достапен во печатена и електронска форма преку сајтовите на Barnes & Noble, ланец од над 600 книжарници ширум САД, Baker & Taylor, Tolino, Apple Books, Smashwords, француската книжевна платформа Vivlio и други платформи за ...

Read More »