Tag Archives: ТАВ Македонија

На македонските аеродроми лани превезени 3,5 милиони патници, раст од девет проценти на годишно ниво

Меѓународниот аеродром „Скопје“ и аеродромот „Свети апостол Павле“ – Охрид минатата година опслужиле 3,5 милиони патници и 26.500 лета. Бројот на превезените 3.475.288 патници преку скопскиот и охридскиот аеродром во 2025 година е зголемување од 9 проценти во однос на 2024 година, а кај опслужените летови годишното зголемување е  4 проценти – информира „ТАВ Македонија“. Во декември 2025 статистиката на ...

Read More »

ТАВ Македонија: „Виз ер“ ги отвора новите пет линии – Бари, Стокхолм, Мадрид, Ларнака и Базел

Нови пет авионски линии на „Виз ер“ – Бари, Стокхолм, Мадрид, Ларнака и Базел почнуваат од Меѓународниот Аеродром Скопје и од Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, денеска, 27 октомври и утре, 28 октомври, соопштуваат од ТАВ Македонија. Новата линија Скопје – Стокхолм започна утрово со првиот лет во 6:05 часот. Овој пат „Виз ер“ лета до главниот аеродром во Стокхолм ...

Read More »

Од мај Визер ќе продава авиобилети за Барселона, Лион и Штутгарт

По денешната средба меѓу генералниот директор на ТАВ Македонија, Неџат Курт, и управниот директор на Визер, Роланд Тишнер, билетите за трите нови авиолинии од Меѓународниот аеродром Скопје до Барселона, Лион и Штутгарт се официјално во продажба на веб-страницата на Визер. Генералниот директор на ТАВ Македонија, Неџат Курт и Роланд Тишнер, управен директор на Визер денеска одржаа состанок на Меѓународниот аеродром Скопје, ...

Read More »

Стартува новата редовна авиолинија Скопје – Љубљана

Со коктел-забава како изненадување и мали подароци за патниците во заминување на првиот лет, ТАВ синоќа на Меѓународниот aеродром Скопје го означи стартот на новата редовна авио линија Скопје – Љубљана, на Wizz Air. ТАВ ја прославува оваа одлична пригода – воведувањето на новиот лет на Wizz Air на релација Скопје – Љубљана – Скопје. За оваа авиолинија имаше голема ...

Read More »

Визер и ТАВ Македонија најавија нови авиолинии и шести авион во базата на скопскиот аеродром

Авиокомпанијата „Визер“ најави дополнително проширување доделувајќи уште еден авион во својата база во Скопје, известува „ТАВ Македонија“, компанијата што управува со двата македонски аеродрома – Меѓународниот аеродром „Скопје“ и аеродромот „Свети апостол Павле“ во Охрид. „Визер“ ќе отвори две нови авиолинии од Скопје – до Љубљана и до Луксембург, закажани за претстојните есен и зима и ќе додели уште еден ...

Read More »

ТАВ Македонија: Ги отвораме аеродромите во Скопје и Охрид од први јули со нови правила за патување

Согласно Одлуката на Владата на Македонија донесена на 23 јуни 2020 година, за повторно отворање на Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид од 1 јули 2020 година, по нивното затворање на 19 и на 16 март годинава, ТАВ Македонија ја информира јавноста дека двата аеродроми ќе се отворат за патнички летови почнувајќи од следната среда, 1 јули, ...

Read More »

ТАВ Македонија се подготвува за отворање на аеродормите во Скопје и Охрид

ТАВ Македонија се подготвува за отворање на аеродормите, во исчекување на точен датум и одлука од надлежните институции, кои пак се во координација со меѓународните воздухопловни власти каде се во тек активности за наоѓање најсоодветни унифицирани решенија за одвивањето на авионскиот превоз на патници. Официјална информација од Владата и надлежните воздухопловни тела чекаат и авиокомпаниите за да можат да ги ...

Read More »

ТАВ го промовира охридскиот аеродром во Албанија

ТАВ Македонија, денеска во Елбасан, Албанија, ги претстави можностите за евтини патувања од Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид и Меѓународниот Аеродром Скопје за граѓаните на Албанија, на средба со локалните туристички агенции во овој град во централниот дел на Албанија. Дополнително од промоцијата на мрежата на авиолинии на аеродромите во Скопје и Охрид, ТАВ Македонија денеска на туристичките агенции во ...

Read More »